ЕПИ

Регионална конференција: „Основа на човековите права: Ефективни национални институции за човекови права на западниот Балкан“

Во 2019 и 2020 година, работевме со Civil Rights Defenders и експерти од западниот Балкан на развој и пилотирање на мерна алатка – индекс – за ефективноста на националните институции за човекови права. Индексот беше применет на сите шеснаесет национални институции за човекови права (НИЧП) од шесте земји во регионот, оценувајќи ја ситуацијата во споредба со 2018.

По завршувањето на првите мерења, почестени сме да ги споделиме и дискутираме резултатите со вас, со цел да дојдеме до заклучоци за подобрување на улогата и позицијата на НИЧП во регионот. За таа цел ја организираме регионалната конференција „Основа на човековите права: Ефективни национални институции за Западен Балкан“. Настанот ќе се одржи онлајн, на 31 март 2021 година, од 11 до 14 часот. Мешаните панели на експертки и експерти, како и претставнички и претставници од најдобро рангираните национални институции за човекови права од секоја земја ќе имаат цел да споделат значајни лекции и практики за тоа како да се подобри ефективноста на НИЧП на национално ниво и како регионалните напори може да се подобрат со цел да се зголеми ефективноста на НИЧП, со што би се зацврстува основата за човековите права.

Агендата за настанот е достапна на линкот подолу. Работни јазици на конференцијата се албански, босански/црногорски/српски, англиски и македонски и ќе биде достапен превод. Настанот нема да биде сниман или пренесуван во живо.

За да учествувате на конференцијата, регистрирајте се до 29 март 2021 на следниот линк: https://form.jotform.com/210744508893361

Агенда

Доколку имате прашања во врска со настанот или истражувањето и публикациите, може да ги контактирате:

д-р Билјана Котевска, истражувачка координаторка, Институт за европска политика – Скопје
+389 70 445 199 | biljana.kotevska@epi.org.mk

Дамјан ЗдравевDamjan Zdravev, Програмски офицер Одделение за Европа, Civil Rights Defenders
+381 69 1981 151 | Damjan.Zdravev@civilrightsdefenders.org

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор