Реформата на МРТ е подеднакво важна како и реформите во судството

МРТ во медиумскиот простор во Македонија денес е, безмалку, безначајна куќа. Додека техничката заостанатост полека ја надминува и фаќа приклучок – иако истражувањето и тука покажа дека има цели сектори и делови во таа куќа (како Радиото на пример), каде што се уште се потребни силни вложувања – во однос на професионалното информирање на јавноста, е речиси на дното.

Тоа го покажуваат резултатите од истражувањата на гледаноста на МРТ во однос на сите други домашни национални телевизии, без оглед на начинот на кој се пренесуваат на државно ниво. Во 2016 година, зад МРТ била само 24 Вести (Табела 55а), а слични бројки има и во текот на првиот квартал од оваа година (табела бр.45).

Освен во еден краток период за време на предизборната и изборната кампања, главните информативни емисии на МРТ, во централните дневници, но и во дебатните емисии, јавниот интерес е заменет со интересот на партијата/партиите, претставувајќи го пред јавноста и пред своите вработени како државен интерес. Впрочем тоа сфаќање на улогата на МРТ во медиумскиот простор пред повеќе од една година го искажа и долгогодишниот уредник на Првиот програмски сервис на една јавна дебата – МРТ треба да го брани интересот на државата!?

И сето тоа во услови кога МРТ, со помош и притисок од страна, минатата година го подготви, а во март годинава и успеа да донесе и свој  Етички Кодекс (ЕК). Со дури 90-тина члена, со Етичка комисија и со прецизни, дури на момент и преобемни правила за начинот на кој професионализмот треба да се почитува во таа куќа.

Деталното прегледување на членовите на Кодексот покажуваат дека генерално гледано сите принципи во новинарството и оние што се презентирани од Меѓународната федерација на новинарите и оние од Кодексот на новинарите на Македонија, се вградени и широко разработени.

Но, што од тоа, кога праксата е поинаква? Само за пример ќе наведеме две одредби од ЕК на МРТ.

Член 2, став еден:

МРТ како јавен редиодифузен сервис е независна од кој било државен орган, друго јавно правно лице или трговско друштво и треба во уредувачката и деловна политика да биде непристрасна кон нив.

Член 70, став два:

Уредникот не смее да му нареди на авторот или на новинарот под свое име да подготви или да чита текст кој во целост или делумно не го напишал.

Според нашата проверка со дел од вработените колеги, овие одредби се кршат не на ниво на инцидент, туку на ниво на правило. Впрочем, тоа е констатирано и во извештаите за напредокот на Македонија што ги изготвува ЕК, како на пример  во извештајот за 2015 г. и во извештајот за 2016 г. И тука завршува приказната со сегашната поставеност на МРТ во медиумскиот простор, а отворена е страницата која упатува на неминовни и нужни промени.

 

Лична карта

Промените треба да започнат со утврдување на цврста политичка волја и со скен за основните важни податоци за МРТ. Тие, гледани во параметрите приходи – расходи, број на вработени и структура, како и плати, изгледаат вака:

Приходи: Во 2016 г.  19,34 милиони евра

Расходи: Во 2016 г. 18, 38 милиони евра

Наплата на радио дифузна такса , 76,5 %. Фактурирале над 800 милиони денари, наплатиле над 600 милиони денари

Буџет на РМ – Околу 4,55 милиони евра, без дополнителните пари од Министерство за култура за снимање на музика од домашна продукција

Реклами: Околу 719 илјади евра, планирале 1,4 милиони евра

Вработени:  864

Бруто плати: Околу 6,5 милиони евра

Просечна нето плата: околу 23.130 денари (бруто, поделено на број на вработени, минусирано за околу 40 отсто давачки)

Образовна структура на вработените: генерално: 46.4% со ССС, 41,3% со ВСС, 12,3% останати

 

Само бегло разгледување на бројките укажува на многу нелогичности и отвора поле за расправа по секој од парамтрите, од кои најголемиот дел се обезбедени од Годишниот извештај за работата на МРТ во 2016 г.

На пример, бројот на вработените – малку или многу?. Образовната структура – преовладува број на вработени со средна стручна спрема. Платите – тие во просек се точно на границите на просекот на ниво на РМ, но, на пример, се под просекот за плати во медиумскиот сектор, кој според Државниот завод за статистика за март 2016 година изнесува околу 500 евра нето. И конечно, вкупните приходи – малку или многу?

Број на вработени – Малку или многу?

Било кој новинар или уредник во МРТ, при разговор на темата број на вработени, се изјаснува дека во компанијата недостасува кадар за извршување на основната дејност – информирање, вклучувајќи ја и прдукцијата на програма

Од вкупната бројка на над 850 вработени, според Анализа на Агенцијата за медиуми во 2015 г (стр.7), во МРТ работеле 239 новинари; 86 уредници; 347 режисери, монтажери и сниматели; (само) 26 инженери и техничари, 6 маркетинг агенти, 5 управители и директори и 192 заведени под категоријата останат кадар!?.

Дали бројката од околу 320 новинари и уредници е голема? Познавајќи ги секторите и редакциите и во Македонскат телевизија и во Македонското радио, оваа бројка не е ни на границите на одржливост на програмата – онаква каква би требало да биде!

Еве пример: Доколку Македонското радио во својата Информативна програма – особено во емисиите вести функционира според стандардите за професијата, само во Дескот на МР- Радио Скопје или Прва програма, треба да има 15-тина новинари, за да може да се одржуваат смените и вестите секогаш да бидат актуелни и нови. Според истражувањето што го направивме, сега таму работат 4-и со букви, ЧЕТИРИ новинари. Последните актуелни вести се во 22 часот. Понатаму се што се емитува, вклучувајќи го и Утринскиот радио весник во 7 часот е бајато – се снима одвечер, а првите свежи, актуелни вести се во 10 часот претпладне. Но, не недостасуваат само новнари, нашите извори велат дека недостасуваат и луѓе од техниката, конкретно во Радиото, од монтажери до режисери, вкупно 5 за да тече програмата без прекин и без проблеми.

Иста е состојбата и во Македонската телевизија, Прв програмски сервис. А како поинаку и би било, кога на пример, за атентатот во Париз кога беа убиени новинари во весникот Шарли Ебдо, МТВ немаше информација до 10 изутрината, а во меѓувреме во Утринската програма беше емитувана репортажа за утрата во Париз и за незаборавните мигови на првото утринско кафе со кроасан во некое од париските бистроа. Но, да не зборуваме за далеку. За време на катастрофалните поплави во 2016 година во околината на Скопје МТВ информираше последна од приватните телевизии. Првата информација од терен на МТВ беше во вестите од 13 часот!!!

Во Дескот на МТВ, односно она што се нарекува Дневна редакција, зборуваме за Прв програмски сервис работат 3+12 новинари од кои 7 се уредници, од кои само двајца-тројца знаеле да излезат на терен. Патем 12-те новинари се од различни редакции во МТВ. Според кажувањето на нашиот извор од МТВ што беше консултиран, потребни се најмалку уште 12 за да може да се покријат сите настани, за да може да извршуваат смените, работењето преку викенд, празници и за време на годишните одмори.

Од погоре изнесеното сосема е јасно дека во МРТ, во делот на програмата и продукцијата не може да опстои со овој број кадри. Особено имајќи предвид колкав дел од нив е во програмите и редакциите на другите етнички заедници, а особено оние помалите, кај кои недостигот од новинари е хроничен.

Но колку се потребни нови вработувања? 100, 127, 200, 250…? Ова прашање зависи од неколку параметри кои ќе бидат објаснети подолу во текстот, особено по обезбедувањето на прашањето за стабилни финансии.

Уредувачката политика како фактор за силен јавен сервис

Независна, професионална уредувачка политика, насочена кон задоволувањето на јавниот интерс е клучен фактор за силен јавен радио-дифузен сервис. Прашањето е како да се стигне до нејзе, како од јавниот сервис да се отстранат волунтаризмот, незнаењето и што е уште поважно, мешањето на политичките партии или на државата.

Тука не е спорно прашањато дека уредувачката политика треба да ја предлагаат од долу нагоре, уредничките тимови на редакциите и програмските сервиси и обратно, генерални насоки пред да биде прифатена да бидат дадени и од страна на Програмскиот совет. Прашањето е како да се обезбеди независен Програмски совет во кој ќе рефлектираат сите значајни сегменти од општеството и како да се обезбеди немешање на директорите врз уредничките тимови во програмските сервиси, па надолу до најмалите редакции.

Она што сега се покажува како точно е политизацијата на Програмскиот совет, кој неколку пати не реагирал на екстремно неизбалнасираната програма на целата МРТ, а неколку пати пак, сам се блокирал поради несогалсувањата за т.н. етнички прашања, односно колку програма да имаат етничките малцинства, при што во 2016 г. беше закочена и програмата за отворање на нови специјализирани под канали на МРТ, нешто што е овозможено со самиот процес на дигитализација.

Имајќи го предвид искуството од повеќето модели на стабилни силни и независни јавни сервиси, дел од новинарските организации кои со години се занимаваат со реформите во медиумите (ССНМ, ЗНМ, МИМ, ИКС, СЕММ, ЦРМ, итн.), предлагаат проширување на составот на Програмскиот совет со повеќе учесници од невладиниот сектор (Блу принт документ од 2016г.). Сега тие се избираат од владеачките политички партии кои доминираат со своите предлози од повеќе структури во општеството, како на пример, од културата, од адвокатската комора, од малцинските етнички заедници, итн.

Предлогот на овие организации е Програмскиот совет на МРТ да се избира на конкурс и тоа листата на организации што можат да предлагаат кандидати да биде проширена со учесници од НВО-секторот. Начинот на избор пак, според предлог на ЗНМ би бил со двотретинско мнозинство во Собранието. Но дали е ова ефикасно решение, особено ако се има предвид ситуација кога поради избалансирани изборни резултати може да биде речиси невозможно да се стигне до дво-третинско мнозинство, па целата работа да биде закочена, тоа треба да го извагаат експертите уште еднаш.

Она што сега се покажува како точно е политизацијата на Програмскиот совет, кој неколку пати не реагирал на екстремно неизбалнасираната програма на целата МРТ, а неколку пати пак, сам се блокирал поради несогалсувањата за т.н. етнички прашања, односно колку програма да имаат етничките малцинства, при што во 2016 г. беше закочена и програмата за отворање на нови специјализирани под канали на МРТ, нешто што е овозможено со самиот процес на дигитализација.

Освен деполитизацијата, еден од нашите упатени извори – долгогодишен новинарски раководен кадар во Телевизијата, сугерира и двослојна структурираност на Програмскиот совет. Според оваа идеја тој бил бил составен од генерално тело и оперативно тело на Програмскиот совет, кое би можело да биде дневно-мобилно и да решава инцидентни ситуации. Тие би биле од типот реакција на Програмскиот надзор на ААВМУ или пак, внатрешен надзор на спроведување на програмата и сугестии ако се забележат покрупни отстапувања од генералната ориентација.

Туак доаѓаме до потребата за промена на законите. И оној за МРТ и во Законот за аудио-визуелни медиуми и медиумски услуги(ЗААВМУ). Во стручната јавност речиси и да нема дилеми дека во ЗААВМУ членовите 110 и 111 кои го регулираат работењето на МРТ се одлични. Она што недостасува се мерките за постапување на Агенцијата и нејзината соработка со Програмскиот совет доколку дојде до прекршувања на задолженијата што се набројани во челновити 110 и 111 од ЗААВМУ.

Стабилно финансирање

Во последните неколку години финансирањето на МРТ е горе долу стабилизирано. Со закани и построги политики водени преку УЈП, наплатата на радиодифузната такса достигнува и до близу 80 отсто. Со стабилните дополнувања од страна на Владата, секоја година помеѓу 3 и 5 милиони евра (извор: годишните извештаи на МРТ), како и со наменските приходи од Мин. за култура за продуцирање на домашна музика или пак поддршка од Владата за дигитализацијата, плус парите од реклами – буџетите на МРТ стиганаа да се движат помеѓу 18 и 21 милиони евра, со тоа што во 2013 достигнал и до 24 мил. евра.

На почетокот на текстот е напоменато дека буџетот за 2016 изнесувал близу 20 милиони евра. Сите сопственици и директори на приватни телевизии со кои сме разговарале, на самото споменување на оваа сума реагираат бурно и велат дека тоа се преголеми пари. Само навидум, ова е делулмно вистинито.

Зашто, ниту една од приватните телелевизии нема толкави обрвски кон програмските потреби за задоволување на јавниот интерес какви што има МРТ. Ниту една од приватните телевизии не се грижи и не треба да се грижи за едукативни, образовни или документарни емисиии од таков обем (квалитетот е друго прашање) како што тоа мора да го прави МРТ. Конечно ниту една од телевизиите не емитува на толку програмски сервиси, ниту пак ја има обврската за Собранискито канал и Сателтскиот канал, како што има МРТ. Прашање е, што се од ова е потребно и дали целата продукција може да се направи поевтино, порационално, а голем дел се разбира дека може, исто како што може да се рационализираат средствата што се трошат во купувањето на програмските права за емитување на туѓа програма.

Но, само за споредба која може и да се квантифицира и да се пропорционализира – РТС во соседна Србија има годишен буџет од околу 100 милиони евра, додека ХТВ во Хрватска има буџет од цели 170 милиони евра.

Стабилното и долгорочно финасирање според досегашното искуство во Македонија, може да се обезбеди само со одвојување средства од Буџетот. Предлогот е, тоа да биде 1 отсто или компарано од сегашниот буџет тоа се околу 33 милиони евра.

Ваквиот предлог, како дел од измените на ЗААВМУ, минатат година беше поднесен (стр.20) и до Собарнието на РМ и за него гласаа 35 пратеници од тогашната опозиција, а сегашна власт. Стручната јавност не гледа причина зошто овој предлог не би бил прифатлив и сега, една година подоцна

Децентрализација на парите

Еден од изворите што ги консултиравме за овој текст, долгогодишен новинар, уредник а бил и на раководни позииции во МРТ, зборувајќи на темата реформи, вработени, приходи…има поинаков пристап, во смисла малку или многу и како да се обезбеди онолку колку што треба.

Потребна е децентрализација на парите – вели нашиот извор, додавајќи дека такво нешто ниту еден директор во МРТ, а засега ниту еден политичар не искажале волја дека е прифатливо како начин на раководење со МРТ. Според предлогот на нашиот соговорник, треба да се тргне со формирање на буџети за секој сектор пооделно и со тие пари да управуваат продуценти, а буџетот да се формира во договор со уредниците. На пример, ако се утврдат целите на работа и продукциските потреби за Документарната програма во МТВ за некја наредна година, продуцентите заедно со уредниците да го одредат буџетот и да кажат колкави им се потребите. На тој начин ќе биде одреден и точниот број на вработени, бидејќи уредниците на програмите ќе одредат со колку вработени можат да го реализираат замисленото, каква техника и на колку време ќе им биде потребна, итн.

Проблемот е што на овој начин директорите на МРТ, на МТВ и на МР ќе ги загубат влијанијата, а истовремено влијанието ќе ја загуби и политичката елита што ќе сака да интервенира ако нешто не и се допаѓа, вели нашиот соговорник

Но и тој се се согласува дека постојат програмски интереси и таква технологија на работа, како на приемр Информативата програма, особено дневно-информативната, каде што едноставно работата наложува колку вработени и колкава и каква техника мора да поседува куќата.

Патем, сите наши извори консултирани за овој текст, рекоа дека во однос на бројот на вработените, треба да се започне од ревизија на систематизацијата на работните места. Дека е оправдано ова барање, можеби потврдува  Ревизијата што ја извршил Државниот завод за ревизија во 2014 година, кој утврдил дека има слабости во правилникот за систематиизација, каде што нема точен опис на работните задачи што треба да ги извршува вработениот.

Политичка волја – нулта фаза во реформите

Се е можно и ништо не е можно ако не постои цврста политичка волја за реформи во МРТ и претворање на силен јавен радиодифузен сервис, е заклучокот на сите консултирани за оваа проблематика.

Моделот на трансформација и користењето на искуствата на силните ЈРД во стабилните демократиии ќе се пронајде или веќе се знаат примерите што се најблиски за трансформацијата во Македонија. Начинот на финансирање е речиси утврден и тој се базира врз принципите на стабилно и трајно финансирање со голема отчетност за тоа како ќе се трошат парите. Начините и моделите за решавање на проблемите со кадровската структура се исто така познати. Начините за обезбедување уредничка независност и немешање на партиите и политиката во емитувањето на програмата, т.е. деполитизацијата се дискутирани и делумно утврдени. Исто како што веќе се обезбедени на хартија и внатрешните документи, од кои најважен е Етичкиот кодекс на МРТ.

Нужна е само цврста политичка волја кај најважните политички елити во Македонија, еднаш за трајно да се утврди дека МРТ треба да остане остров со силен светилник за ширење на професионалните стандарди во новинарството и задоволување на јавниот интерес за емитување не само на висококвалитетна информативна програма, туку и на покривање на потребите за едукација, документаристика, култура, спорт па и забавно – рекреативна програма на домашната јавност. Политичката волја мора да опфаќа обврска и на власта и на опозицијата, дека никогаш не би посегнале по гаснење на еден таков медиумски светилник во македонскиот медиумски темен простор.

The post Реформата на МРТ е подеднакво важна како и реформите во судството appeared first on ССНМ.

Продолжи со читање

  • Учество на осмата меѓународна регата Сава Наутик во Брчко – БиХ

    Претставникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Владимир Ивановски Вуцо и од Вардарска регата “Гемиџии“ Владимир Стојанов и Томе Шескокалов во периодот од 28-30.8.2026 год. на покана на здружението ИКС центар (X centar) од Брчко Дистрихт – БиХ земаа учество на осмата меѓународна туристичка рега “Сава наутик“. На оваа…

  • Погледнете го нашето ново промотивно видео и откријте како органскиот отпад може да стане вредна суровина!

    Преку силен фокус на циркуларната економија и еколошката едукација, сакаме да ги поттикнеме граѓаните на итна акција за правилно сортирање на отпадот — клуч чекор кон здрава животна средина и ублажување на климатските промени. Главни ѕвезди во видеото се наставниците и учениците од основните училишта каде што ги одржавме нашите едукативни работилници. Тие јасно порачуваат: со менување на секојдневните навики и активен граѓански ангажман, секој од нас има моќ да донесе позитивни промени во општеството!
    Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Оваа видео е подготвено во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
     
    Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.

  • Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери

    Програми Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери Кампот Михелштат во Германија беше домаќин на Европскиот младински камп, кој собра 135 учесници од 15 земји. По долго патување, а за некои и пристигнување во Михелштат низ серија на предизвикувачки услови, младите и нивните лидери се обединија околу заедничката тема: “Growing together – rooted in values – rising as leaders“, односно „Растеме заедно – вкоренети во вредностите – се издигнуваме како лидери“. Кампот понуди динамична програма исполнета со различни курсеви, интерактивни работилници и можности за размена на знаења и искуства. Курсевите беа задолжителниот дел и опфаќаа повеќе теми поврзани со менталното здравје, лидерството, активности на отворено поврзани со изградба на куќарки на дрва, обработка на темата “Do no harm” како методологија против било каков вид на насилство, односи со јавност, техники за раскажување приказни, театарски пристап во работата со млади и дигитално образование. Младите учесници и младинските работници активно придонесуваа со сопствените идеи, практики и перспективи, создавајќи простор во кој сите можеа да учат едни од други. Во фокусот беше заедничкото учење за иднината на младинската работа, како и развивањето лидерски способности засновани на вредности, соработка и меѓународно разбирање. Покрај едукативниот дел, програмата беше збогатена со многу креативни и забавни активности. Учесниците имаа можност да бидат дел од интернационален музички бенд, да создаваат уметност низ различни работилници за рачни изработки, цртање и сликање, работилници за дизајнирање восочни свеќи како и склопување и дизајнирање на куќарки за мали птици, да учествуваат во работилници за пеење (ten sing), да посетуваат сесии за релаксација и да учествуваат во спортски активности на терените на кампот во Михелштат. Дури и високите температури не ги спречија учесниците да учествуваат на сите овие настани, но и да уживаат во посетата на локалниот базен. За учесниците, покрај овие обврски, вклучена беше и прошетка до адреналински парк и возење на мал, планински ролеркостер, како и патување со брод по реката Мајна до блискиот град Милтенберг. Од Македонија имаше вкупно 7 претставници. Во изминатите четири години, овој камп прерасна во важно место за средба на европското ИМКА движење. Тој не претставува само меѓународен собир, туку простор каде што младите градат пријателства, споделуваат искуства и се инспирираат стекнатото знаење да го пренесат во своите земји и локални организации. Овој камп служи за сплотување на младинските работници низ камповите во Европа и е особено значаен за нашата земја од аспект на тоа што нуди споделување на искуства поврзани со камп културата која што ИМКА во Битола и во Македонија неуморно се труди да ја издигне на едно повисоко и препознатливо ниво за сите наши локални учесници, волонтери и поширока публика. * Пред да дојдам на кампот во Михелштат немав некои преголеми очекувања. Се надевав дека ќе запознаам нови луѓе, ќе стекнам пријатели и ќе разменам мислења со млади од различни земји. На крајот, сето тоа се исполни, па дури и ги надмина моите очекувања. Најинтересен и највпечатлив дел за мене беше курсот за лидерски вештини. Таму научив многу корисни работи за комуникацијата, тимската работа и начинот на кој еден лидер може позитивно да влијае на другите. Сигурно ќе ги применам овие знаења и во мојата заедница. За време на кампот стекнав поголема самодоверба во споделувањето на моите мислења и научив како подобро да ги разбирам и почитувам луѓето околу мене. Ова искуство ми помогна да пораснам како личност и да станам поотворен кон нови идеи и перспективи. Дефинитивно би го препорачал Михелштат кампот на секој млад човек кој сака да стекне нови искуства, да создаде меѓународни пријателства и да научи нешто корисно и вредно за својата иднина. Никола Гелов Кога првпат слушнав за кампот во Михелштат, сè ми дојде многу неочекувано. Бев пресреќна кога дознав дека и моите другарки добија можност да учествуваат, бидејќи знаев дека заедно ќе доживееме едно незаборавно искуство. Секој ден на кампот ми беше интересен на свој начин. Имав можност да научам многу нови работи и да запознаам луѓе од различни средини. Особено ми се допадна курсот по пеење. Таму научив дека не треба да се плашиме да пробаме нешто ново. Ако никогаш не се обидеме, нема да знаеме што можеме да постигнеме. Секој човек има свој талент и свој начин на изразување, а токму тоа нè прави посебни. Едно од највозбудливите искуства за мене беше активноста во Tree House. Искрено, пред да дојдам на кампот мислев дека тоа не е нешто што би го направила во мојот град. Но, овде решив да излезам од мојата зона на удобност и да пробам нешто ново. На крајот, многу се забавував и бев горда на себе што се осмелив да учествувам. Од курсот по пеење научив и една важна животна лекција: дека не треба да ги осудуваме другите. Секој може да направи нешто на свој начин и тоа не го прави помалку вреден. Наместо да критикуваме, треба да ги прифатиме и почитуваме разликите меѓу луѓето. Кампот ме научи да се дружам со сите, да бидам поотворена и да не донесувам брзи заклучоци за другите. Сфатив дека секој човек има своја приказна и дека сите заслужуваат почит, разбирање и поддршка. Најважната порака што ќе ја понесам со себе е дека треба да бидеме храбри и да не се плашиме од нови предизвици. Нема глупави прашања и нема неуспеси кога учиме нешто ново. Секое искуство е можност да пораснеме и да станеме подобра верзија од себе. Дефинитивно би им го препорачала Михелштат кампот на сите млади кои имаат можност да учествуваат. Пријателствата, чувството дека сте дел од едно големо семејство, новите искуства и сè што се учи таму се нешта што тешко можат да се доживеат на друго место. Тоа е искуство кое засекогаш останува во сеќавање. Јована Кирјаковска   Бидејќи и претходно имав учествувано на два меѓународни кампа надвор од Македонија, дојдов во Михелштат со високи очекувања и чувство на возбуда. Од моите претходни искуства знаев дека ме очекува нешто посебно, а кампот ги надмина сите мои очекувања. Она што најмногу ми се допадна беше разновидноста на курсевите и работилниците. Тие создадоа можност сите учесници да се запознаат подобро, да се дружат и да учат едни од други.

  • ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби

    ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби На 27 јуни 2026 година, Кирил Михајлов, командир на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, учествуваше на панел-дискусија во Скопје посветена на противпожарната заштита и подготвеноста за вонредни состојби. Во рамки на дискусијата беа разгледани дел од клучните предизвици со кои се соочуваат противпожарните…

  • Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE

    Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува да придонесува кон целите на проектот ENSURE преку своето директно учество во сложени интервенции на шумски пожари во Северна Македонија. За време на големиот пожар во Општина Македонски Брод, тимот на ДПД Свети Николе беше ангажиран како…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор