Rk

Работилница на тема дигитални права и слободи

Вчера, 14-ти април, 2025 година, Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, во соработка со „Рурална коалиција“ во просториите на Правен факултет – Кичево, Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола одржа работилница посветена на едно од важните прашања во современото живеење и општество – дигиталните права и слободи

📌 Оваа средба имаше за цел да создаде простор за споделување на предизвиците и механизмите на прекршување на дигиталните права, со фокус на искуствата на жители од помали средини, од рурални средини, ранливи сограѓани и сограѓани со помалку можности

📌Онлајн животот и зголеменото користење дигитални алатки, не нè прави поотпорни или способни да препознаваме криминал и напади на Интернет. Така, сајбер нападите од големи размери продолжуваат да го нарушуваат регионалниот онлајн простор. Се бележат и зголемени проблеми со онлајн измами (фишинг итн.), пораст на содржината генерирана од вештачка интелигенција, дистрибуција на интимни фотографии и видеа без согласност

📌На работилницата, голем акцент се стави на одговорноста – дали е таа единствено кај поединецот, или пак, институциите треба да водат поголема сметка за заштита на правата на граѓаните и на Интернет. Одговорот лежи токму во нивоата на одговорност

📌Учесниците дискутираа за предизвиците кои ги имаа при кршење на дигиталните права и слободи, кои се најчесто резултат на недоволна свесност, недоволната информираност и едукација за тоа колку сме ранливи и во дигиталната сфера

📌 Во рамки на работилницата, од страна на деканката на Правниот факултет, Svetlana Veljanovska беше најавена и новата студиска програма за втор циклус студии, Право и нови технологии, која ја иницира Правниот факултет во Кичево и која треба да понуди интердисциплинарен пристап на две сфери – темите од областа на правото и на ИТ секторот и дигиталните технологии

📌Средбата се одржа во рамки на проектот „Reporting Digital Rights and Freedoms“ кој се спроведува со финансиска поддршка на Европската унија, a деталната вест за настанот може да ја прочитате тука: https://licevlice.mk/prekrshuvanje-na-digitalnite-prava…/

#DigitalRights#DigitalFreedom#EUwithYOU

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Рурална коалиција Кичево

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор