Raboten Sostanok Ginekolog 300x169.jpg

Работен состанок со матичниот гинеколог на ПЗУ „Мајка Б&M“

На 11.09.2024 тимот на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари одржа работен состанок со д-р Ламбе Крстевски матичниот гинеколог на ПЗУ „Мајка Б&M“ која е лоцирана во Поликлиниката- Шуто Оризари. Се дискутираше за тековниот проект кој започна на 01.09.2024 година и е  имплементиран од Ромалитико – Институт за Истражување и Анализа насловен „Школо за трудници“.

На работниот состанок се зборуваше за целта на проектот, промотивните материјали/публикации, целната група како и обврските на ПЗУ „Мајка Б&М“, но најважно д-р Ламбе Крстевски ни сподели дека од отворањето на ординација пред 2 години, на територија на Шуто Оризари се родиле околу 780 здрави бебиња, што претставува многу голема среќа како и успех за д-р Ламбе Крстевски како и заедницата на Шуто Оризари.

Субгрантот ,,Школо за трудници“ е дел од Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите имплементиран од Институтот за истражување ианализа на политики – Ромалитико со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ ОД ШУТО ОРИЗАРИ Скопје

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор