1 3 768x1024.jpg

ЗАПОЧНАА БЕСПЛАТНИТЕ КУРСЕВИ ЗА ЕКОНОМСКО ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП И МОГИЛА

Со големо задоволство известуваме дека во рамките на проектот „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“ на 24 септеври 2024 година, започнаа бесплатните професионални курсеви за жените од Општина Прилеп и Општина Могила. Проектот се спроведува од Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, Скопје, во партнерство со Здружението „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ од с. Канатларци и ЗОК АДРИОН од Желино, е поддржан од Швајцарската влада преку  Цивика мобилита.

Целта на овие курсеви е економско зајакнување на жените преку обезбедување на обуки за стекнување нови вештини и квалификации кои ќе им помогнат да се интегрираат на пазарот а трудот.

Во рамките на проектот, во десет општини низ осум региони во Република Северна Македонија, вкупно 70 жени ќе имаат можност да се обучуваат во различни области.

Првите часови започнаа со голема заинтересираност и ентузијазам од страна на курсистките. Со курсистките од општина Прилеп и општина Могила беше одржан првиот час од фризерскиот курс, каде што жените активно се вклучија во процесот на учење и покажаа голема желба за стекнување нови знаења и вештини.

Покрај фризерскиот курс, на 30.09.2024 година започнaa и курсот за шминкерки, давајќи можност на уште повеќе жени да се стекнат со вештини кои ќе им помогнат во нивниот економски развој и вклучување во пазар на трудот.

Проектот продолжува со своите активности и во останатите општини, со цел да го поддржи економското зајакнување на жените и да им обезбеди нови можности за да може активно да се вклучат во пазар на трудот.

Ги покануваме сите заинтересирани да ја следат нашата веб-страница и социјалните мрежи за повеќе информации околу проектот и идните активности.Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот„ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп

Продолжи со читање

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

  • 🎨 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАНАЕТЧИИ

    Учество во активности за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на најмалку 5 локални занаетчии за учество во обука и соработка со млади во рамки на проектот: „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални […]
    Source

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ

    Обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини за млади за дигитална трансформација на традиционални занаети Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на 30 млади лица за учество во сеопфатна обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини, која се реализира во рамки на проектот: „Дигитално оживување…

  • Правилно постапување со био отпад

    Продолжуваме со кампањата за подигање на јавната свест за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад, погледнете како правилно се постапува со био отпад на следното видео

  • МЦМС придонесe во креирањето на новиот Закон за здруженија и фондации

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) активно се вклучи во процесот на јавна консултација за Предлог Законот за здруженија и фондации, оставајќи детални коментари на платформата ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија).

  • Во каква средина работат организациите чиј фокус се родовите прашања

    Македонскиот центар за меѓународна соработка го објави „Истражувањето во фокус: мониторинг на овозможувачката околина за организации кои работат во областа на родовата еднаквост и правата на жените”, кое обезбедува сеопфатна, анализа заснована на докази на условите во кои делуваат овие организации во Северна Македонија.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор