Obuka

ПРВАТА PREPARE ОБУКА ЗА ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА – УСПЕШНО ПИЛОТ-ТЕСТИРАЊЕ

Кон крајот на февруари оваа година, Eco Logic го организираше првото пилот-тестирање на PREPARE обуката за одржлив туризам. Настанот се одржа во Мултикултурен центар во Кочани, каде што заедно со речиси 30-тина вработени од општината ја тестиравме платформата за е-учење и обуките што истата ги нуди.

Што претставува PREPARE?

PREPARE е проект кој има за цел да обезбеди едукација и практични алатки за одржлив туризам. Преку иновативна платформа за е-учење, корисниците имаат можност да се стекнат со знаења и вештини кои ќе им помогнат во подобро планирање и управување со туристичките активности на одговорен и еколошки начин.

Како помина тестирањето?

За време на пилот-тестирањето во Кочани, учесниците имаа можност да ја испробаат платформата, да ги проучат достапните материјали и да дадат повратни информации за содржините и корисничкото искуство. Разговаравме за предизвиците и можностите што ги носи одржливиот туризам, споделивме искуства и идеи за подобрување на туристичките практики во Македонија.

Што следува?

Овој настан претставуваше важен чекор кон следната фаза на проектот – работилници со млади. Врз основа на повратните информации од пилот-тестирањето, ќе продолжиме со адаптација на обуката за да одговори на реалните потреби на корисниците.

Како да се вклучите?

Обуката е достапна онлајн и можете да ја посетите на следниот линк: PREPARE обука за одржлив туризам.

Ве покануваме да се приклучите, да научите повеќе за одржливиот туризам и да станете дел од мрежата на свесни и одговорни туристички професионалци! За повеќе информации, следете нѐ на нашите канали и останете во тек со сите новости од Eco Logic.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор