3.jpg

Прв состанок на Мрежата на специјализирани адвокати и НВО кои помагаат на жени жртви на насилство

На 22 ноември 2024 година, Христина Здравеска – правник од нашето Здружение присуствуваше на првиот состанок на Мрежата на специјализирани адвокати и НВО кои работат со жени жртви на насилство кој се одржа во седиштето на Советот на Европа во Стразбур, Франција.

Одделот за насилство врз жените на Советот на Европа го собра почетниот сет на членови на оваа нова мрежа со цел споделување знаење и вмрежување. Со присуство на адвокати и невладини организации кои им помагаат на жртвите од 38 земји-членки на Советот на Европа, состанокот го означи почетокот на зајакнатата соработка и споделувањето на правните стратегии за случаите на насилство врз жените меѓу адвокатите во Европа. Сесиите опфатија клучни теми, вклучително и растечката јуриспруденција на Европскиот суд за човекови права за случаите на семејно насилство и силување, стратешката улога на Истанбулската конвенција во судските спорови и студии на случај кои илустрираат ефективни правни пристапи.

Целта на Мрежата е да ја олесни редовната размена меѓу адвокатите од сите земји-членки на Советот на Европа и да послужи како платформа за споделување знаење за стратешки судски спорови за насилството врз жените. Преку иновативна судска практика на национално и на европско ниво ќе се подобри имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска Конвенција) и Европската конвенција за човекови права.

🔗Повеќе информации за мрежата и нејзините активности ќе најдете на следниот линк

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор