Проект инициран од страна на Здружението на граѓани Праведни и Професионалн забележан од Владата

Проект инициран од страна на Здружението на граѓани – Праведни и Професионални забележан од Владата на РСМ

Во програмата за работа на Владата на РС Македонија со работен наслов Акција 21- Европски стандарди дома, влегува и воведувањето на единствен регистар на недвижности кои се во државна сопственост, проект инициран од страна на Здружението на граѓани за заштита на државниот имот ПРАВЕДНИ И ПРОФЕСИОНАЛНИ од Скопје – грантист на програмата Цивика Мобилитас.

Иако законската обврска да се води уредна и комплетна евиденција на државните објекти постои повеќе години, мал број државни органи може да се пофалат дека ја исполниле во целост својата обврска. Нашето здружение јавно проговори за овој децениски проблем, осмисли и успешно реализира проект за Јакнење на капацитетите за добро евидентирање и управување со државниот недвижен имот и упати конкретен предлог кој со својот квалитет и целисходност успеа да влезе во Владината програма за работа за 2021 година. Владата усвои заклучок со кој се задолжува Агенцијата за катастар на недвижности со водевување на единствени идентификациони броеви за секоја државна институција, да ги постави темелите на еден модерен и унифициран национален регистар во кој ќе бидат опфатени сите државни објекти, запишани со сите катастарски индикации.

Базата на податоци треба да ја стави на располагање Министерството за информатичко општество и администрација и по примерот на  Централниот регистар на РС Македонија до јуни 2021 година треба да ги видиме првите плодови од оваа системска активност во која ќе бидат опфатени дел по дел сите државни органи, почнувајќи од министерствата и органите во нивни состав, преку агенциите, дирекции, бироа, комисии, државни инспекторати, акционерски друштва во сопственост на државата и јавни претпријатија основани од Владата или од локалните самоуправи. Акцискиот план што му е поставен на катастарот, динамиката и чекорите на воведување на регистарот ќе бидат контролирани директно од Владата со што ќе се  придонесе за домаќинско управување и постапување со државниот имот и воедно ќе се зголеми нивото на одговорност на носителите на  јавни функции преку почитување на начелата на отчетност и транспарентност.

Оваа значајна информација за напредокот на регистарот Владата јавно ја објави на 11 јануари 2021 година, а Здружението ПРАВЕДНИ И ПРОФЕСИОНАЛНИ ќе ги направи достапни сите собрани информации за недвижниот имот на околу педесетина државни институции до кои дојде во изминатите 6 месеци колку што траеше проектот финансиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка и програмата Цивика мобилитас.

Повеќегодишниот труд на група ентузијасти административни службеници од различни државни институции конечно вроди со плод. На идните генерации ќе им оставиме средена и функционална евиденција од која бенефит ќе има целата заедница.

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор