Презентирани клучните наоди од Националниот монитор за РЈА

Резултатите и клучните наоди од Националниот мониторинг за реформи на јавната администрација 2021/2022 денес беа презентирани пред Националната работна група за РЈА, како и пред новинарите.

Беше истакнато дека ситуацијата со стратешката рамка за реформа на јавната администрација е иста како и во претходниот циклус на следење, додека значително назадување има во делот за развој на политики и координација. Владата ги нема објавено годишните извештаи за работа за 2020 и 2021 година, така што истражувачите не беа во можност да проценат дали тие извештаи се разбирливи, детални, дали имаат квантитативни и квалитативни информации и проценки или дали вклучуваат оценки за постигнување конкретни резултати и родово сегрегирани податоци (според Методологијата на ВеБЕР Проектот). Следствено, немаше достапни извештаи во формат на отворени податоци. Исто така, има најмалку 4 национални стратегии и три тековни планови објавени од Владата, за кои нема објавен извештај за реализација во последната извештајна година.

Перцепцијата на граѓанските организации за владиното известување е слична со претходниот циклус на мониторинг. Имено, тие сметаат дека Владата не ја известува редовно јавноста за напредокот во однос на поставените цели и не се уверени дека официјалните стратегии ги одразуваат потребните активности во одредени области на креирање политики, а и дека не вклучуваат соодветни ажурирања на постигнатиот напредок во однос на ЕУ приоритетите.

Во делот на јавна служба и управување со човечки ресурси ситуацијата е иста како и во претходниот циклус на следење, а извесни подобрување има во делот на отчетноста, со оглед на тоа што повеќето државни институции имаат лесно достапни и погодни информации на нивните веб-локации и целосни и ажурирани органограми. Властите, исто така, покажаа значителен напредок во однос на проактивното спроведување на политиката на отворени податоци.

Состојбата останува иста во однос на објавувањето на повратните информации од граѓаните за квалитетот и задоволството од испораката на услуги од административните служби, имено повратни информации има само за две услуги од МВР.  Има одредено подобрување во однос на форматите на отворени податоци, бидејќи во текот на овој циклус на мониторинг, за две од пет анализирани услуги беа објавени информации во формат на отворени податоци.

Најдобри резултати и напредок се забележани во однос на комуникацијата и соработката на Државниот завод за ревизија со јавноста во врска со неговата работа. ДЗР има самостојна комуникациска стратегија за периодот 2020-2023 година, заедно со посебен Акциски план за комуникација за секоја година. Во овој мониторинг извештај се забележува евидентно назадување во однос на достапноста на информации за спроведените јавни набавки и јавната достапност на информации за јавните внатрешни финансиски контроли (ЈВФК) и парламентарната контрола.

Годишните планови за јавни набавки се достапни на Националниот е-портал за јавни набавки за сите министерства и државни институции, а најголемиот дел од плановите за јавни набавки се објавени на веб-страниците на министерствата. Сепак, загрижувачки е што не беа пронајдени извештаи за спроведените јавни набавки за ниту еден од договорните органи на централно ниво што беа предмет на анализа, во последните две календарски години.

Целосниот Национален монитор за реформите во јавната администрација за 2021/2022 година е достапен на следниот линк.

The post Презентирани клучните наоди од Националниот монитор за РЈА appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор