179309549 1447504642265784 2970966737657270953 n 1024x576

Презентација на наоди од извештајот за степенот на дигитална писменост и користењето на е-услугите во руралните средини

На денешната прес конференција во рамките на проектот “Дигитализација во земјоделството – СЕГА, беа презентирани резултатите од националниот извештај за дигитализација и користење на е-услуги во руралните средини.
На презентацијата на резултатите од истражувањето кое што опфати 246 испитаници од руралните средини и тоа 122 жени и 124 мажи од 6 плански региони (Југозападен, Југоисточен, Источен, Североисточен, Полошки и Пелагпнски) беше споменато дека дури 76% од земјоделците имаат е-маил адреса, над 92% имаат стабилна интернет врска во своето место на живеење, а 185 од испитаниците освен смартфон имаат и друг компјутерски уред.
Но, она што е загрижувачки е дека најчесто ваквите е-маил адреси не ги користат, не си ги знаат лозинките и тоа често пати им предизвикува проблеми во комуникацијата со институциите. Поради тоа дури 64% од нив преферираат комуникација и вадење документи на шалтер, а ниска е и довербата во електронските документи односно само 35% од испитаниците му веруваат целосно на системот.
Повеќе од половината од испитаниците односно над 52% не го препознаваат порталот www.uslugi.gov.mk a и тие кои што имаат информација за истиот, само 18% успеале да го отворат и да побараат одредена услуга електронски и тоа најчесто со поддршка на помладите членови семејството или пак со поддршка на вработените во институциите, напоменаа Лилјана Јоноски и Елизабета Ристеска – Мрческа како главни истражувачки во проектот.
Дејан Гичев, пак, како раководител на подрачната единица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство смета дека локалното население и земјоделците сеуште се далеку од овие процеси и вработените во институциите се тие кои што сеуште им ги пополнуваат документите, ги упатуваат во различните институции, им аплицираат електронски за субвенции. Но со оглед на тоа што кога станува збор за рокови сите го чекаат последниот ден ваквиот притисок често пати станува преголем и кај самите вработени, па често се прават и грешки. Инаку во овој крај забележан е значителен раст на бројот на младите земјоделци, па кај нив се очекува да ги започнат промените во секторот и да го зголемат користењето на е-услугите.
Ранкиа Божиноска, како советник во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството смета дека премногу е ниско нивото на дигитална писменост кај земјоделците и единствено од Интернет што користат се социјалните мрежи и групи преку кои што најчесто комуницираат, разменуваат искуства околу производниот процес и толку. Кога станува збор за аплицирањето електронски иако им се нуди како опција од страна на советниците сепак кај земјоделците сеуште преовладува ставот дека не веруваат во електронските документи, дека тоа е премногу сложен процес за нив, а од друга страна пак, често пати губат цели денови и едвај стигнуваат на време да ги поднесат апликациите за финансиска поддршка поради тоа одење од шалтер на шалтер.
Главните препораки дадени во истражувањето се потврдија и на самата прес конференција односно дека мора да се работи на терен со земјоделците и тоа чекор по чекор започнувајќи од зголемување на нивото на дигиталната писменост, воведување на е-услугите како единствен начин на комуницирање со институциите каде што е возможно и јакнење на свеста кај локалното население за потребата од активно вклучување во процесите на дигитализација кое што им штеди време, средства, но им дава во исто време и целосен преглед на случувањата во секторот земјоделство и рурален развој со таа напомена, ваквите активности да се спроведуваат на лесен, едноставен и разбирлив јазик за руралното население.
Истражувањето е спроведено во рамките на проектот “Дигитализација во земјоделството – СЕГА“ финансиран како подгрант во рамките на проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ кој што го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.
Целосниот извештај може да го погледнете тука.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор