Презентација на наоди од извештајот за степенот на дигитална писменост и користењето на е услугите в

Презентација на извештајот за степенот на дигитална писменост и користењето на е-услугите

На денешната прес конференција во рамките на проектот “Дигитализација во земјоделството – СЕГА, беа презентирани резултатите од националниот извештај за дигитализација и користење на е-услуги во руралните средини.
На презентацијата на резултатите од истражувањето кое што опфати 246 испитаници од руралните средини и тоа 122 жени и 124 мажи од 6 плански региони (Југозападен, Југоисточен, Источен, Североисточен, Полошки и Пелагпнски) беше споменато дека дури 76% од земјоделците имаат е-маил адреса, над 92% имаат стабилна интернет врска во своето место на живеење, а 185 од испитаниците освен смартфон имаат и друг компјутерски уред.
Но, она што е загрижувачки е дека најчесто ваквите е-маил адреси не ги користат, не си ги знаат лозинките и тоа често пати им предизвикува проблеми во комуникацијата со институциите. Поради тоа дури 64% од нив преферираат комуникација и вадење документи на шалтер, а ниска е и довербата во електронските документи односно само 35% од испитаниците му веруваат целосно на системот. Повеќе од половината од испитаниците односно над 52% не го препознаваат порталот www.uslugi.gov.mk a и тие кои што имаат информација за истиот, само 18% успеале да го отворат и да побараат одредена услуга електронски и тоа најчесто со поддршка на помладите членови семејството или пак со поддршка на вработените во институциите, напоменаа Лилјана Јоноски и Елизабета Ристеска – Мрческа како главни истражувачки во проектот.
Дејан Гичев, пак, како раководител на подрачната единица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство смета дека локалното население и земјоделците сеуште се далеку од овие процеси и вработените во институциите се тие кои што сеуште им ги пополнуваат документите, ги упатуваат во различните институции, им аплицираат електронски за субвенции. Но со оглед на тоа што кога станува збор за рокови сите го чекаат последниот ден ваквиот притисок често пати станува преголем и кај самите вработени, па често се прават и грешки. Инаку во овој крај забележан е значителен раст на бројот на младите земјоделци, па кај нив се очекува да ги започнат промените во секторот и да го зголемат користењето на е-услугите.
Ранкиа Божиноска, како советник во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството смета дека премногу е ниско нивото на дигитална писменост кај земјоделците и единствено од Интернет што користат се социјалните мрежи и групи преку кои што најчесто комуницираат, разменуваат искуства околу производниот процес и толку. Кога станува збор за аплицирањето електронски иако им се нуди како опција од страна на советниците сепак кај земјоделците сеуште преовладува ставот дека не веруваат во електронските документи, дека тоа е премногу сложен процес за нив, а од друга страна пак, често пати губат цели денови и едвај стигнуваат на време да ги поднесат апликациите за финансиска поддршка поради тоа одење од шалтер на шалтер.
Главните препораки дадени во истражувањето се потврдија и на самата прес конференција односно дека мора да се работи на терен со земјоделците и тоа чекор по чекор започнувајќи од зголемување на нивото на дигиталната писменост, воведување на е-услугите како единствен начин на комуницирање со институциите каде што е возможно и јакнење на свеста кај локалното население за потребата од активно вклучување во процесите на дигитализација кое што им штеди време, средства, но им дава во исто време и целосен преглед на случувањата во секторот земјоделство и рурален развој со таа напомена, ваквите активности да се спроведуваат на лесен, едноставен и разбирлив јазик за руралното население.
Истражувањето е спроведено во рамките на проектот “Дигитализација во земјоделството – СЕГА“ финансиран како подгрант во рамките на проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ кој што го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.
Целосниот извештај може да го погледнете тука.

Продолжи со читање

  • Високите цени ја надминаа корупцијата како клучен проблем, но расте прифатливоста и подложноста на корупција во Северна Македонија

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше идентификувана како најсериозен општествен проблем, во 2025 година граѓаните на Северна Македонија ги рангираат високите цени како своја главна грижа (46,6%), а корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, зголемените трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, додека корупцијата и понатаму останува еден од клучните предизвици со кои се соочува општеството. 

  • Демир Капија: Жените бараат редовни средби со институциите и поголема поддршка за локалните иницијативи

    Демир Капија, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во локалното одлучување, редовни консултации со жителките од руралните средини и навремени повратни информации од институциите беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана во Демир Капија. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Младите од Струга во улога на новинари на работилница за медиумите на заедницата

    Средношколци од Струга учеа за медиумите на заедницата, разговараа за етиката во новинарството и за момент влегоа во улога на новинари. Тие предлагаа теми, анализираа како да ја обработат приказната и дискутираа колку е важно да се зборува јавно за проблемите на локалните заедници и да се бараат решенија.

  • Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода

    Во соработка со Општина Кисела Вода спроведовме процес на партиципативно буџетирање. Граѓаните ги споделија своите потреби, проблеми и предлози за подобрување на квалитетот на животот во општината. Тие ја препознаа иницијативата како корисна и изразија поддршка за организирање ваков тип на настани, кои овозможуваат нивните потреби и идеи да бидат слушнати. Следниот чекор е анализа […]
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • Ден на климатските промени – 4 Ноември

    Денес го обележивме 4ти ноември Денот на климатски промени со учество на Утринска програма на Телма телевизија со нашата  Тамара Радовановиќ Анѓелковска на која што разговаравме за активностите на нашата организација поврзани со заштита на животна средина и намалување/ адаптација на климатските промени.
    Зборувавме за тоа како локалните заедници можат да станат отпорни на климатски промени и зошто е тоа важно.
    Благодарност до редакцијата на Телма телевизија за поканата!
     

  • Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија

    Миграцискиот профил на Северна Македонија се менува. Иако традиционално се препознава како транзитна земја, таа сè повеќе станува земја на дестинација за странски работници и други странски државјани што бараат подолгорочен престој. Според податоците презентирани во нашето истражување, бројот на странски работници се зголемил од […]
    The post Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор