[Aggregator] Downloaded image for imported item #41680

Препораки за родова еднаквост и инклузија во македонскиот спорт

Рушењето на бариерите во спортот за поголемо вклучување на жените и девојките бара културни, системски и институционални промени. Стратегиите и мерките во полето на спортот треба да овозможат еднакви можности за учество и напредок за жените и девојките, вклучувајќи ги и оние со попреченост. Спортот има огромна моќ да го поттикне јакнењето на жените и девојките во општетсвото и да го намали јазот меѓу родовите, но оваа моќ потребно е да се канализира со добро осмислени и таргетирани мерки кои ќе донесат промена.

Untitled design 7

Најпрво, законот за спорт и механизмите за финансирање мора да гарантираат еднакви можности преку поврзување на државната поддршка со родово избалансирано лидерство и транспарентно регрутирање во спортските федерации. Националните спортски федерации треба да воведат квоти, менторство и програми за обука за да ги подготват и оспособат жените за улоги во донесувањето одлуки. Потоа, создавањето безбедни, достапни и флексибилни средини, и на теренот и надвор од него, ќе им помогне на жените подобро да ги избалансираат своите спортски и семејни одговорности и ќе можат да се посветат на кариера во спортот. Подеднакво важна е и улогата на образованието, имено, медиумите и јавните кампањи имаат огромно влијание во разобличувањето на стереотипите што го дефинираат спортот како „машка средина“. Успешни примери на жени лидерки во спортот потребно е континуирано да бидат дел од јавниот дискурс.
МЦМС Инфографик 06

МЦМС повикува на итни законски и политички реформи за усогласување на националното спортско законодавство со меѓународните стандарди за еднаквост во спортот. Само преку заедничко дејствување на институциите, спортските организации и граѓанското општеството, Северна Македонија може да изгради инклузивна спортска култура каде што жените и девојките учествуваат, водат и напредуваат подеднакво.

МЦМС Инфографик 04

Токму и извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата во 2025 година ја потврдува препораката за Северна Македонија да преземе чекори за усогласување на националното законодавство со европското законодавство и стандардите за еднаквост и недискриминација, особено во делот на родова еднаквост. Тоа продразбира приближување на законодавството на ЕУ за родова еднаквост во однос на прописите за рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, транспарентноста на платите и учеството на жените во управните одбори.

МЦМС Инфографик 05

Во трите инфографици, се сумирани нашите главни препораки во три дела: општи препораки, препораки за институциите надлежни во областа на спортот и препораки за националните спортски федерации. Препораките се дел од истражувањето „Родова еднаквост и инклузивност во спортот во Северна Македонија“. Истражувањето се подготви во рамки на проектот „Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики“ кој се имплементира од Олимпискиот комитет на Северна Македонија во партнерство со МЦМС, Спорт Социал Солушн и Параолимписки комитет. Проектот е финансиран од Европската Унија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор