Interaktiv 1 mcms

Преку обуки за претприемништво до вработување на младите

Десет средношколци од општина Могила беа дел од обуката за претприемништво што ја организираше Здружението за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ – Битола на 23 и 24 јануари оваа година во едукативниот центар Едусфера – Битола. 

Учесниците учеа за претприемништвото, за можностите за создавање сопствен бизнис и за начините на вклучување на пазарот на труд. „Ваквиот тип на обуки навистина им помагаат на младите, а особено се значајни за луѓе кои доаѓаат од рурални средини каде што имаат ограничен избор на работа со која би можеле да се занимаваат. Треба да се организираат што повеќе вакви обуки не само за претприемништво туку и во други области“, вели мобилизаторот на заедницата, Мартин Ристевски. 

Со сличен став е и неговата колешка, мобилизаторката Ангела Ристевска. „Навистина се радуваме што изминатиов период се сретнавме со млади лица кои што за прв пат посетуваат обука. Преку овој проект ќе бидат обучени околу 60 млади лица кои по обуката ќе имаат појасна слика за тоа како да најдат работа или пак да основаат свој бизнис“, изјави Ристевска.

Според податоците од пописот во 2021 година, во општина Могила има 310 лица на возраст од 14 до 19 години, 285 лица од 20 до 24 години и 314 лица на возраст 25 до 29 години. Во споредба со податоците од пописот во 2002 година, населението од овие категории во општината се намалило од 19% до 41%, при што најголем е падот кај најмладите. Ова ја покажува тенденцијата на иселување на младите од таа општина заради мали или никакви можности за вработување и самовработување, како и невклучување на младите во програмите за развој и поддржување на активни мерки за претприемништво или подобрување на работните вештини на младите. 

Во наредниот период здружението „Интерактив“ ќе ги обучи младите како да ја направат нивната биографија и да напишат мотивациско писмо, и како да се подготват за интервју за работа. 

Спроведувањето на обуката е овозможено со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Продолжи со читање

  • Тематски форум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ САМО ЗА ДВА МЕСЕЦА, 3.000 ФИРМИ ШТО ДОБИЛЕ ТЕНДЕРИ ГИ ОБЕЛОДЕНИЛЕ СВОИТЕ ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Скопје, 28 јануари 2026 година  |  Повеќе од 30 претставници на клучни јавни институции, граѓански организации, медиуми и меѓународни организации денеска дискутираа за можностите и начините на користење на податоците од Регистарот за вистински сопственици на правните субјекти како алатка за борба против корупцијата. Швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Сомер истакна…

  • Пет иницијативи предводени од млади за интегритет, свест и зајакнување на заедницата

    Младински Совет Прилеп:
    Пет иницијативи предводени од млади за интегритет, свест и зајакнување на заедницата
    Во Северна Македонија, младите стануваат активни застапници за транспарентност, отчетност и општествена благосостојба. Преку низа иницијативи предводени од млади, поддржани од Младински Совет Прилеп, локалните тимови од Кочани, Прилеп, Кривогаштани, Кичево и Скопје креираа и реализираа активности кои се однесуваат на корупција, јавни услуги, човекови права и граѓанска одговорност.
    Подолу е прикажан преглед на пет влијателни иницијативи, секоја од нив ја покажува силата на младинско лидерство.

  • Како да го зачуваш своето ментално здравје во бременоста

    Овој едукативен материјал е наменет за бремени жени и има за цел да ја истакне важноста на менталното здравје во периодот на бременост. Преку разбирливи информации и практични совети, материјалот помага во препознавање на најчестите емоции, нуди насоки за грижа за себе и укажува кога е важно да се побара…

  • Платформата БПК бара итно именување на раководството во АСПИ

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата ги повикува пратениците во Собранието на Република Северна Македонија итно да именуваат директор и заменик-директор на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

  • Превенција од дроги кај младите во согласност со европските стандарди: Интервју со проф. д-р Игњатова

    Од Вашето клиничко и професионално искуство, што е нешто што најчесто се превидува кога зборуваме за употребата на психоактивни супстанции кај младите и ризиците што ги носи тоа? Она на што не се обраќа доволно вниманиеили, се превидува, кога се зборува за употребата на психоактивни супстанции кај  младите се „причините на причините”  за употреба на […]
    The post Превенција од дроги кај младите во согласност со европските стандарди: Интервју со проф. д-р Игњатова appeared first on ХОПС.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор