111 fotor naslovna1

Преглед на активностите на Мрежата за заштита од дискриминациа во 2025 година

за основното образование. Нашите информирања дека се постапува спротивно на ратификувани меѓународни акти и постоечки закони, останаа неслушнати.

Во месец февруари, заедно со Платформата за родова еднаквост остро реагиравме на предложените измени во Законот за полиција, со кои стана речиси невозможно да се одземе службено оружје од полициски службеник кој се сомничи за сторено семејно насилство.

Позитивно сме изненадени од брзата реакција на Министерството за внатрешни работи и итното повлекување на ваквиот предлог.

Април беше особено тежок месец во кој ја штитевме недискриминацијата од Собранието:
Се соочивме со сериозно непочитување и повреда на Законот за спречување и заштита од дискриминација преку назначување на лице кое не само што не ги исполнува условите, туку не го разбира ниту значењето на концептот на недискриминација, за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Законот за средно образование наместо да добие одредби со кои се штитат учениците, родителите и вработените од дејствија на дискриминација кои може да доведат до исклучување, булинг и сериозни психички нарушувања, доби уште поголемо уназадување преку бришење на повикувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација како заштитен механизам.

Истото се случи и со Законот за учебниците во основното и средното образование.

Владата го именуваше Петар Богојевски прославен по своите изјави со вознемирувачки говор, навреди и говор на омраза, како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Еразмус +).

Среќни сме што можеме да забележиме дека, по реакции од Мрежата во јавноста и до меѓународната заедница, во месец јуни 2025 година, г-н Богојески изјави дека заминува од Агенцијата.

Во месец јули реагиравме на предлог- законот за верски училишта, кој го сметаме за противуставен, правно неусогласен и опасен обид за поткопување на секуларниот карактер на
државата и за институционализација на верското образование во системот на формално образование.

Истиот месец, соочени со изјавата на Премиерот дека размислуваат за воведување на данок за немажени и неженети, бевме принудени да ја повикаме Владата, како орган којшто е овластен предлагач на закони и политики, да се воздржи од иницијативи кои поттикнуваат дискриминација,  а институциите да застанат во одбрана на правата на сите граѓани, без разлика на нивниот брачен статус.

Како резултат на реакциите, Премиерот беше приморан да се извини за промовирање на идеи коишто поттикнуваат дискриминација.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор