Screenshot 2026 09 24

Практичен водич за остварување права

Знаеш ли кои права ти припаѓаат и каде да се обратиш за да ги оствариш?


Пристапот до социјална и здравствена заштита, лична документација и статусни права е основа за достоинствен и сигурен живот. Сепак, процедурите, институциите, потребните документи и условите за остварување на одредено право често можат да бидат сложени и тешко разбирливи.

Токму затоа го подготвивме Водичот за остварување права од социјална и здравствена заштита, лична документација и статусни права – практичен ресурс кој на едноставен и разбирлив начин ги приближува информациите за правата и постапките до граѓаните.

  1. Што ќе најдеш во Водичот?

Водичот содржи корисни информации за:

  • социјална заштита – права, услуги и начини на нивно остварување;
  • здравствена заштита – пристап до здравствени услуги и права на пациентите;
  • лична документација – информации поврзани со лични документи и постапки пред надлежните институции;
  • статусни права – информации поврзани со личниот и граѓанскиот статус;
  • надлежни институции – каде да се обратиш и од кого да побараш помош;
  • потребна документација и постапки – што е потребно за поднесување барање и остварување на одредено право;
  • можности за правна помош и поддршка кога ќе се соочиш со пречки при остварувањето на своите права.

2. Зошто е важен овој Водич?

Правото е најсилно кога го познаваме.

Недоволната информираност, сложените административни постапки, недостатокот на документи или нејасните информации од институциите можат да бидат сериозна пречка за остварување на основните права.

Со Водичот сакаме информациите да бидат достапни, разбирливи и практични – за секој граѓанин да може полесно да препознае кога има право, каде да се обрати, што му е потребно и кои чекори треба да ги преземе.

3. Не знаеш каде да се обратиш?

Не си сигурен/на кои документи ти се потребни? Ти било одбиено барање или не знаеш како да продолжиш?

Не се откажувај од своето право затоа што постапката изгледа сложена.

Информирај се, побарај поддршка и направи го првиот чекор.

Прочитај го Водичот и информирај се за своите права и начините на нивно остварување.

Информираноста е првиот чекор кон пристапот до правда и остварувањето на правата.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор