Close up people group therapy scaled

Повик за регионален организатор на фокус групи

Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје за потребите на проектот ЗЗЗ – ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска, објавува:

Повик 6/2024: Регионален организатор на фокус групи за спроведување фокус групи како дел од акциско истражување „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“

Информации за проектот:

ИМЕ: ЗЗЗ – ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

НОСИТЕЛ: Центар за младински активизам ЦМА КРИК, Скопје

ПАРТНЕРИ: Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, Скопје и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје

ДОНАТОР: Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

ЦЕЛНА ГРУПА

  • стручните работници од системот на социјална заштита и корисниците,
  • локалните општини
  • давателите на социјални услуги и корисниците и
  • младинските работници и младите

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 01.12.2023 година – 30.09.2026 година

Проектната идеја e обид да се пилотира и воведе зелената социјална работа и социјалната трансформација како холистички перспективи што се стремат да ја поддржат благосостојбата на луѓето во надминувањето на постоечките климатски промени и одржување здрава животна средина. Активностите се засноваат на застапување и спроведување на концептот на право на здрава животна средина за сите, преку зелена социјална работа и потреба од социјална трансформација за справување и резилиентност од овие промени.

Главната цел на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.

Информации за активноста ФОКУС ГРУПИ „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“

Оваа истражувачка активност планирано е да се одвива во сите осум плански региони, преку организирање вкупно 16 фокус групи (по две фокус групи во секој регион):

  1. Фокус група (со 4 девојки и 4 момчиња) на возраст од 15 до 19 години
  2. Фокус група (со 4 млади жени и 4 млади мажи) на возраст од 20 до 29 години.

Една од проектните активности е спроведување фокус групи „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“ на ниво на 8 (осум) плански региони. Активноста е дел од предложената методологија од страна на експертот за методологија и истражување за спроведување акциско истражување. Во акциското истражување се користат најмалку три извори на податоци (триангулација) како основа за успешно спроведување на активноста. Со ваков начин на организирање на податоците може да се идентификуваат трендовите и состојбите поврзани со темата: „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава одржлива животна средина за сите“. Но, во оваа методологија експертот предлага пет активности кои одговараат на прибирање податоци од пет извори на податоци и кои се комплементарни едни на други: деск анализа, теренско истражување – анкета, дискусии во фокус групи, тркалезни маси и интервјуа со засегнати страни.

Целта на спроведување на фокус групите е да се добие квалитативна оцена за перцепциите и искуствата на младите од различни возрасни групи за животната средина и климатски промени (нпр: менаџирање со отпад, водоснабдување, диви депонии, загаден воздух, опожарени подрачја, снабдување со електрична енергија и сл.), комуникациски и општествени модели за охрабрување и зајакнување на младите за активно вклучување во заштита на животната средина и отпорност на климатски промени. Добиената оцена ќе се се вклучи во анализата како составен дел на акциското истражување.

НАБАВУВАЧ

Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопјесо седиште на ул.„11ти Октомври“ бр. 42 А, Скопје, застапувана од Гоце Прцуловски, претседател на здружението

ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА

  1. Главни активности на организаторот на фокус групи

            Предмет на набавката е ангажман[1]нарегионален организатор на фокус групиза сите 8 (осум) плански региони во Република С Македонија. За исполнување на ангажманот кој е предмет на овој повик, организаторот треба да:

  • организира по две онлајн фокус групи во сите осум плански региони со 8 учесници и учеснички – или  вкупно 16 онлајн фокус групи со млади на возраст од 15 до 29 години, согласно примерокот за истражување.

         Избраниот регионален организатор континуирано ќе соработува со фацилитаторот на фокус групите маси, ангажираните експерти за спроведување на акциското истражување и со проектниот тим.

Предвиден надомест за регионален организатор на фокус групи по регион е 6. 000,00 МКД (шест илјади денари) во бруто износ за 1 (еден) регион.

НАПОМЕНА: Не се предвидени дополнителни средства за евентуалните патни и друг вид трошоци за спроведување на теренските активности во кои ќе биде вклучен регионалниот организатор.

           Период на ангажманот на регионалниот организатор на фокус групи: 14 јуни, 2024 година до 05 јули, 2024 година.

  • Потребни квалификации на регионалниот организатор на фокус групи:
  • Дипломиран социјален работник/социјална работничка или студент/студентка на Институтот за социјална работа и социјална политика.
  • Искуството во организирање и/или поддршка за организирање настани.
  • Одлични писмени и усни комуникациски вештини, вклучително и способност соодветно да постават прашања и да комуницираат со чинители.

КРИТЕРИУМИ за избор на најповолен понудувач и доделување на договорот за соработка

Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови наведени во барањето за поднесување на понудата. Во спротивно, понудата ќе се смета за нецелосна и неприфатлива.

Критериумот за доделување договор за набавката е според принципот „најдобро понудена услуга за цената“ (thebestvalueformoney-qualityratio). Вкупната оцена за исполнителноста на понудата ќе биде формирана според следните критериуми и бодови, со примена на формула за пресметување на бодовите за доделување на договор за набавка:

Искуството на кандидатите во организирање и/или поддршка за организирање на настани  
Индивидуален online состанок со проектниот тим       
Референтна листа          
    40 бода     
    40 бода
     20 бода

РОКОВИ

Рок за доставување на понудите05.06.2024 година
Рок за избор на најповолен понудувач и известување06.06.2024 година
Потпишување договор за соработка14.06.2024 година
Рок за спроведување на активностите и испорака на услугата14.06.2024 – 05.07.2024 година

Партнерските организации, носители на грантот го задржуваат правото на измена на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачите, во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проект.

ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

Понудата треба да содржи:

  • професионална биографија (СV) на кандидатот/кандидатката што се пријавува за регионален организатор на фокус групи,
  • референтна листа за  поткрепа на потребното искуство на кандидатот/кандидатката.

Понудите се доставуваат во електронска форма на проектната електронска адреса zzzgreenadvocacy@gmail.com.Дописот со проследената понуда треба да биде насловена: Понуда за број на повик 06/2024 – Регионален организатор за спроведување фокус групи „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива и животна средина за сите“. Понудите треба да се достават до наведениот рок. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди кои нема да бидат изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.

НАПОМЕНА: Понудувачи може да бидат лица членови, волонтери и практиканти на локални организации. Предност имаат организациите носител и партнери на грантот.

Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје  и Центарот за социјални иницијативи ЦСИ НАДЕЖ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат. 


[1]Државни службеници и/или останатите заинтересирани лица што се тековно вработени во јавната администрација може да аплицираат на повикот доколку прикажат/потврдат дека се во можност да ги исполнат должностите/активностите надвород работните обврски, односно, надвор од работното време согласно законите (10 часа неделно).

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Видео: Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter)

    Во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter), заедно со експерти, зборуваме за препознавање и спречување на родово базирано онлајн насилство. 🌐💪 Ова видео е дел од нашите напори да ги поттикнеме младите жени да се чувствуваат посилни, информирани и безбедни на интернет. 🔎 Научете:✔️ што…

  • Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период

    Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]
    The post Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период first appeared on Metamorphosis.

  • Мрежен состанок „За танго се потребни двајца“ – поттикнување дијалог и соработка

    Локалното застапување добива сѐ поголема видливост и значење, а во таа насока се одржа и овогодинешниот состанок за вмрежување „За танго се потребни двајца“. На настанот учествуваа жени од осум заедници, претставници на невладини организации и советници од Општина Куманово. Овој чекор претставува важен напредок, бидејќи беше воспоставена директна комуникација со советниците како избрани претставници […]

  • Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година

    Годината 2024 во светот беше исполнета со промени што го редефинираа глобалниот политички, економски и општествен пејзаж. Од продолжувањето на руската воена инвазија врз Украина, преку хуманитарната катастрофа во Газа, подемот на крајната десница во европските држави, победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, па сè до бројните политички потреси во САД и […]
    Read More… from Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година
    The post Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија

    Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]
    Read More… from Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија
    The post Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Едукативни работилници за справување со родово базирано насилство

    Со цел подигнување на свеста и зајакнување на знаењата за родово базираното насилство, во изминатиов период успешно спроведовме три едукативни и интерактивни работилници во Прилеп, Кривогаштани и Долнени, каде се вклучија педесетина млади и жени од овие средини. Периодот на одржување на работилниците се поклопи со глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор