34.jpg

ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА МЕДИA ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНА КАМПАЊА

Постапувајќи согласно одредбите во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ кој се спроведува од Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ), во партнерство со Еко Логик и ЦЕД Флорозон-Скопје, со поддршка од Владата на Швајцарија  преку програмата Цивика мобилитас се објавува:

ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА МЕДИA ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНА КАМПАЊА

  1. Предмет на договорот за услуги

Предмет на договорот е избор на физичко или право лице за подготовка на медиа план, визуелен идентитет за дигитална едукативно-информативна кампања за придобивките и начините за искористување на органскиот отпад.
Дигиталните активности треба да таргетираат повисок опфат  реализирани со промотивна кампања за подигнување на јавна свест за штетните влијанија од неконтролираното постапување со органската компонента на отпадот од домаќинства и придобивките од искористувањето на био-отпадот, со примена на дигитални алатки, социјални мрежи и други е-канали.

Дигиталната кампања ќе содржи промоција на едукативно-информативни содржини во форма на: прирачници, инфо-графици, адаптирани достапни видео записи, кратки видео промотивни и дигитални прилози, статии или интервјуа на социјалните и дигиталните медиуми.

  1. Опсег на услугата
  • Разработка на медиа план за дигитална медиумска кампања;
  • Развој на креативен концепт и визуелен идентитет за кампањата.
  • Презентација на драфт медиумски план пред нарачателот и нејзина ревизија според добиени насоки.
  • Одржување консултативни состаноци со назначено лице од проектниот тим..
  • Подготовка на краток завршен наративен извештај.

Индикативна временска рамка на спроведување на дигиталната кампања: јули 2025 – август 2026

  1. Содржина на понудите и квалификации за учество:

Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со постапката кои ги разменуваат понудувачот и Нарачателот се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилично писмо.

Елементи на понудата кои треба да бидат доставени се:

  • Кратка предложена методологија и пристап за извршување на активноста;
  • Финансиска понуда во вкупен износ без ДДВ за правни лица/ за физички лица вкупен бруто износ со вклучен персонален данок;
  • Портфолио за правни лица/ Кратка биографија за физичко лице;
  • Тековна состојба или ДРД образец со која се докажува својата професонална дејност во побараните услуги;
  • Изјава за за непостоење на услови за исклучување на добавувач за извршување на услуги за проектот (за правни лица).

Потребни квалификации:

  • Да е физичко лице (експерт по комуникации и ПР активности) или правно лице регистрирано  за вршење на бараната дејност;
  • Најмалку 5 години искуство во креирање и спроведување на медиумски кампањи;

Секое физичко или правно лице може да учествува само со една понуда.

4.Начин на поднесување на понуди

Понудите мораат да се поднесат најдоцна до 26.05.2025 година до 16 часот на следниве електронски адреси: project@florozon.org.mk и andrijana.ecologic@gmail.com со назнака: „Понуда за подготовка на медиa план“.

Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да се разгледува.

  1. Право на учество

Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко и домашно правно лице- понудувач.

  1. Цена на понудата

Цената на понудата се пишува со бројки и букви.

  1. Валута на понудите

Цената на понудата се изразува во денари без вклучен данок на додадена вредност за правни лица. Проектот е ослободен од данок на додадена вредност.

За физички лица понудената цена на понудата треба да биде изразена во бруто износ.

  1. Критериуми за доделување на договор

8.1 Критериуми за доделување на договорот за услуги за промотивна кампања на социјалните медиуми се:

  • Искуство и портфолио: 40 бодови
  • Организација и краток пристап (Квалитет и иновативност на стратегијата): 40 бодови
  • Финансиска понуда: цена 20 бодови

Вкупна оценка: 100 бодови

Нарачателите  го задржуваат правото да ја прифатат или одбијат било која понуда.

  1. Потпишување на договорот

По завршување на изборот за најповолен понудувач, сите понудувачи во постапката ќе бидат известени за одлуката за прифаќање/одбивање на доставената понуда во рок од 7 работни дена. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Апликантите имаат право на приговор во рок од 5 дена.

Нарачателот го задржува правото да побара дополнителни документи од понудувачот. Најуспешниот понудувач ќе биде поканет да склучи договор за извршување на бараните услуги.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор