Pexels shkrabaanthony 5816299 768x1152

Повик за надворешен експерт

ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА НАДВОРЕШЕН ЕКСПЕРТ/КА за изработка на Policy Paper (Документ за политики) за поддршка на имплементацијата на Националната програма за превенција на употреба на дроги во средните училишта.

За потребите на проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во училиштата“, поддржан од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (EIDHR), ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуга за гореспоменатиот проект.

1. Вовед

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го спроведува проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во училиштата“, поддржан од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (EIDHR).

Овој проект има за цел да воспостави одржлив национален систем за превенција од употреба на дроги, базиран на најдобрите меѓународни практики и научни докази, кој ќе биде интегриран во постојните образовни политики и практики. Република Северна Македонија се соочува со сè поголем предизвик во борбата против употребата на дроги меѓу младите. Според истражувањата спроведени од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ 2023) и Европскиот центар за следење на дроги и зависности од дроги (EMCDDA, 2019), постои зголемен тренд на употреба на психоактивни супстанции кај децата и адолесцентите. Овој загрижувачки тренд бара итни и ефикасни превентивни мерки за заштита на здравјето и благосостојбата на младите во земјата. Националната стратегија за дроги на Република Северна Македонија 2021-2025 ја препознава итноста на овој проблем, нагласувајќи ја потребата од развој на национални стандарди за превенција на дроги и сеопфатна национална програма за справување со злоупотребата на психоактивни супстанции кај учениците. Зголемената употреба на психоактивни супстанции кај младите претставува сериозен здравствен и социо-економски предизвик. Меѓународните истражувања покажуваат дека систематски превентивни мерки во образовниот систем можат значително да го намалат ризикот од експериментирање со употреба на дроги како и зависност.

2. Предмет на набавка

Изработка на документ со препораки (Policy Paper) кој ќе содржи насоки за ефективна, одржлива и интерсекторска имплементација на Националната програма за превенција. Документот ќе биде основа за институционално прифаќање и застапување на програмата пред Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и други клучни чинители.

Вид на договор за набавка : Услуга.

Место на испорака на услугата : МК.

Период на извршување на услугата: во текот на месец Август –Декември 2025.

Краен рок за испорака : до 31 декември 2025.

Пристигнатите понуди ќе се разгледуваат од комисијата за евалуација на пристигнатите понуди. Цените треба да бидат изразени во МКД без ДДВ. ( Постапката за ДДВ е согласно правилникот и упатството потребни за реализирање на проекти финансирани со парични средства од странски донатори).

Ве молиме понудата да ја доставите во форматот кој е даден во прилог на овој допис: Образец на понуда.

3. Опис на услугата

3.1. Општи и специфични цели на услугата

Општи цели

Контекст: Документ за политики (Policy Paper) е дел од проектна активност. Развој на национален систем за превенција на употреба на дроги кај децата во училишната средина, со целосна интеграција на ефективни превентивни мерки во образовните практики и политики. Интегрирањето на овие мерки во образовниот систем осигурува дека децата од најрана возраст се едуцирани за ризиците и последиците од употребата на дроги. Училиштата имаат клучна улога во обликувањето на однесувањата и ставовите на младите, што ги прави идеална средина за спроведување на превентивни стратегии. Воспоставувањето на сеопфатен и стандардизиран систем за превенција ќе овозможи поддржувачка и информирана средина што ќе придонесе за намалување на појавата на употреба на психоактивни супстанции, ќе ги адресира основните фактори што водат кон злоупотреба и ќе поттикне поздрави животни навики кај учениците. Оваа цел е клучна за создавање побезбедна, поздрава и поотпорна генерација, која ќе придонесе за општата благосостојба и развој на општеството.

3.2 Специфична цел

Изработка на Документ за политики (Policy Paper) за поддршка на имплементацијата на Националната програма за превенција на употреба на дроги во средните училишта.

4. Клучни испораки и рокови

Аутпут

  • Преглед на содржината и целите на Националната програма;
  • Идентификација на институционални улоги, можности и предизвици;
  • Разработка на препораки за ефективна примена во образовниот систем;
  • Предлог за механизми за следење и поддршка на спроведувањето;
  • Изработка на финален Policy Paper (Документ за политики) од разумна должина (ориентационо: 8–12 страници);
  • Соработка со координаторката на проектот и работната група при ХОПС.
  • Краен Рок за изработка на документ е 31.12.2025 година

Сите документи и материјали ќе бидат подготвени и доставени на македонски јазик,

5. Потребни квалификации и компетентност:

5.1 Општи барања

  • Завршено високо образование (општествени, образовни или здравствени науки);
  • Најмалку 3 години на општо искуство над минималното релативно искуство кое се бара во оваа област ;
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик;
  • Одлично познавање на македонски јазик;
  • Одлични аналитички и пишувачки способности;
  • Добри комуникациски вештини;
  • Работа во тим.

5.2 Посебно професионално искуство

  • Најмалку 5 години на искуство во развој на политики, анализи или стратешки документи;
  • Познавање на теми поврзани со младинска превенција, образовни реформи и политики;
  • Познавање на македонскиот контекст;
  • Пожелно: познавање на англиски и европски практики.

6. Локација

 Далечински, со редовна комуникација и минимум две координации со работната група (онлајн или во живо, по договор), во соработка со координаторката на проектот.

7. Начин на известување

 Експертот/ката ќе известува на одговорните лица на проектот. Лице за контакт Благородна Коцева Симјанов 02/3246205, blagorodna@hops.org.mk, и Сањица Милошевска Даневска sanjam@hops.org.mk, 02/3246205.

8. Плаќање

Ангажираниот експерт/ка ќе се исплаќа по успешно спроведена активност изработка на Документ за политики (Policy Paper) во рок од 10 дена по финализирање. Предвиден надомест за оваа активност е 400 евра бруто износ без ДДВ.

9. Содржина на барањето

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратка биографија (CV);
  • Мотивациско писмо (до 1 стр.);
  • Релевантни референци и линкови од претходно изработени документи (Policy Paper, анализа или слично – пожелно)

Ве молиме испратете ги вашите апликации на : vaskak@hops.org.mk и blagorodna@hops.org.mk или на адреса ул.Луј Пастер бр.23/1-4, Скопје по пошта или лично. Барањата кои нема да пристигнат до назначеното време вклучувајќи ги оние по пошта нема да бидат земени во предвид.

Во предмет наведете: Понуда за изработка на Документ за политики

10. Рокови за поднесување на барањето

01.08.2025 ( петок), до 16 часот.

Забелешка:

Според правилата на ЕУ за претпристапна помош, државните службеници и други лица кои во моментот се вработени во јавна администрација не се подобни за поднесување на барања како експерти.

Само избраните експерти ќе бидат известени за изборот. ХОПС го задржува правото да не ангажира експерт доколку не се исполнат очекуваните критериуми.


The post Повик за надворешен експерт appeared first on ХОПС.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор