[Aggregator] Downloaded image for imported item #42314

Повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за Североисточен, Вардарски и Југоисточен плански регион

Граѓанскиот ресурсен центар, во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, објавува отворен повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за:

  • Североисточниот,
  • Вардарскиот и
  • Југоисточниот плански регион.

povik za izbor na regionalni eksperti od gragansko opshtestvo

Како дел од напорите за зајакнување на локалните граѓански организации, проектот воспоставува национална Платформа на регионални поддржувачи на граѓанските организации. Во останатите плански региони веќе е избран минимум по еден регионален експерт за поддршка на локалните организации.

Регионалните експерти ќе играат клучна улога во обезбедување менторска, советодавна и техничка поддршка за локалните ГО, ќе поттикнуваат вмрежување и соработка, како и споделување знаења и добри практики. Избраните експерти ќе станат дел од платформата преку која Граѓанскиот ресурсен центар ќе може да делува во сите региони.

Повикот е отворен за кандидати кои се жители на Североисточниот, Вардарскиот или Југоисточниот плански регион.

Преземи го целосниот Опис на работни задачи.

Краен рок за аплицирање: 26 декември 2025 година

Апликациите се доставуваат електронски на: info@rcgo.mk

Охрабруваме квалификувани експерти од соодветните плански региони да аплицираат и да придонесат за развојот на граѓанското општество.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор