НРЦ

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРЕВЕДУВАЧ/КА Буџетска линија 4.5.6.4

Датум на објавување: 29.06.2021

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање преведувач/ка“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ одКуманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирање преведувач/ка.

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од  Куманово го  спроведува проектот „Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите “ со финансиска поддршка на We Effect.

Цели на проектот

  1. Зголемени капацитети и пристап до пазар на труд за Ромите, да ги искористат можностите за вработување и бизнис можностите  на  пазарните системи.
  2. Зголемени организациски капацитети на Здружението Национален  ромски центар.

1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот 31.12.2021 година.

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • Завршено високо образование;
  • Минимум 3 годишно работно искуство во областа на писмен превод од македонски на англиски и обратно;
  • Познавањена Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет;
  • Познавање на англиски јазик,
  • Познавање и пристапдоработанадигиталниплатформи (Zoom, Microsoft Teams, BlueJeans, и други).

2. Пријава

Понудувачоттребададостави:

  • Работна биографија;
  • Диплома за завршен факултет (копија);
  • Примерок од претходна работа за спроведени слични работни задачи во последните 3 години и тоа документ не помалку од 10 страни (ни доставувате документ на македонски и направен превод на англиски јазик на истиот документ);
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Понудена бруто цена застраница превод во денари.

3. Опис на позиција: преведувач/ка.

Број на позиции:

  • (1) позиција, а може да се пријават физички лица со заедничка понуда
  • Едно правно лице (трговско друштво)

Времетраење: предвидено е 100 страници превод за потребите на проектот во тек на месеците јуни-август 2021 година.

Работни задачи за потребите на проектот„Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите“

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

Активноста се имплементира во рамки на проектот „Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите“. Согласно проектните документи ангажманот ќе биде превод на 100 страници од македонски на англиски и/или обратно во тек на месеците јуни -август 2021 година.

Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот „Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите“:

  • Превод на документи на НРЦ (Статут, Стратегија, интерни акти и правилници, годишни програми и други документи за потребите на проектот) од македонски на англиски, а по потреба и обратно;
  • За оваа активност е предвиден ангажман за превод на 100 страници документи (буџетска ставка 4.5.6.4);
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата;
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот.

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка.  Исплата ќе биде на две рати и тоа: прва рата во износ од 50% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по склучување на договорот и втора рата 50% по завршување на ангажманот.

4. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство, цена, на понудувачот согласно бараните критериуми.

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Бруто цена по страницапревод во денари– 20 поени

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси info@nationalromacentrum.org и ksojic@nationalromacentrum.org најдоцна до 06.07.2021 година до 16:00 часот.


ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРЕВЕДУВАЧ/КА Буџетска линија 4.5.6.4 was first posted on June 29, 2021 at 1:28 pm.
©2016 “Национален Ромски Центар“. Use of this feed is for personal non-commercial use only. If you are not reading this article in your feed reader, then the site is guilty of copyright infringement. Please contact me at dalibor.sojic@gmail.com

Продолжи со читање

  • МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) достави извештај до Групата експерти за акција против насилството врз жените и семејното насилство – ГРЕВИО, како придонес кон следењето на спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија. Извештајот го опфаќа периодот од 2023 до 2026 година и се […]
    The post МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија appeared first on Myla.

  • Совети и упатување

    Совети и упатување Кога се соочуваш со насилство, закани, контрола или страв, сосема е разбирливо да не знаеш од каде да започнеш. Не мора сама да ги знаеш институциите, процедурите и своите права. Станица ПЕТ може да те сослуша, да ти помогне да ја разбереш ситуацијата и да ти даде информации за можностите за поддршка…

  • Како да побарам помош?

    💜 Не си сама. Побарај поддршка. Понекогаш најважниот чекор е да кажеш: „Ми треба помош.“ Доколку се соочуваш со семејно или родово базирано насилство, закани, контрола, заплашување, психичко, физичко, сексуално или економско насилство, не мораш сама да се справуваш со ситуацијата. Станица ПЕТ е тука да те слушне, информира и поддржи. Обраќањето до нас е…

  • Психолошка и психосоцијална поддршка

    Психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка Станица ПЕТ обезбедува психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка за жени и деца кои се соочуваат со семејно и родово базирано насилство, како и за лица кои се соочуваат со последици од насилство или други тешки животни ситуации. Нашата цел е да обезбедиме безбедно, доверливо и неосудувачко место каде што можеш…

  • Свети Николе: Жените и локалната самоуправа во дијалог за поефективни механизми на граѓанско учество

    Свети Николе, 18 септември 2026 – Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово ја одржа јавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“. Дебатата беше посветена на механизмите за граѓанско учество во процесите на локално одлучување, со фокус на можностите за поголемо и посуштинско вклучување на жените, […]

  • Шведските искуства како поттик за зајакнување на демократската отпорност и интегритетот во информирањето

    Делегација составена од новинари, уредници, проверувачи на факти, медиумски експерти и претставници на институции од Северна Македонија учествуваше на студиска посета во Стокхолм, организирана од Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми, во рамките на проектот „Градење синергии против дезинформациите, вклучително и за политиките и активностите на ЕУ“. Во текот на дводневната програма, […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор