НРЦ

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПРАВНО СОВЕТУВАЊЕ И УПАТУВАЊЕ/ЗАСТАПУВАЊЕ

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ), Куманово објавува Барање за прибирање на понуди повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1. Општи услови
1.1 Набавувач на услуги ЗГ Национален ромски центар со седиште на ул. Доне Божинов бр.11/5, Куманово.
1.2 Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирање на правни експерти / адвокати за правно
советување и упатување/застапување на жени и девојчиња жртви на семејно насилство и штетни
практики
1.3 Национален ромски центар го имплементира проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и
семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN
Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми
промена на ставови”.
1.4 За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет страница
www.nationalromacentrum.org
Главна цел на проектот е жените Ромки, девојчиња, мажите и момчињата на заедничко и индивидуално ниво да
имаат подобро разбирање и прифаќање на родовата еднаквост во 5 региони во земјата. Проектот се
имплементира во Куманово, Кочани, Кичево, Штип и Прилеп.

  • 1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:
  • Завршено високо образование- Правен факултет со минимум 240 кредити;
  • Лиценца за работа за адвокат издадена од Адвокатска комора на РСМ;
  • Минимум 3 годишно непрекинато работно искуство како адвокат со издадена лиценца од адвокатска
  • комора на РСМ;
  • Познавање на домашно и меѓународно законодавство и правни инструменти за заштита на жртви од
  • семејно насилство;
  • Минимум 3 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 1 година искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки; и/или на прашања поврзани со Роми/ Ромки

 

 

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор