НРЦ

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ФАСИЛИТАТОР ЗА РАЗВОЈ НА ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА НРЦ ЗА 2021 ГОДИНА

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање на фасилитатор за развој на Годишна програма за работа на НРЦ за 2021 година“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирањена фасилитатор за развој на Годишна програма на НРЦза 2021 година.

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го  спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect.

Цели на проектот

Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки и млади Роми во Северна Македонија

Специфични цели на проектот се:

1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики

2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки

3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво

4. Зголемена мобилизација на пристап до мерки за вработување и активирање на пазарот на трудот на Ромите, особено на младите

5. Зголемен пристап до заштита на работничките права врз основа на пристап базиран  на човекови права (HRBA) на локално и национално ниво

1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот.30.04.2021 година

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • Завршено високо образование;
  • Минимум 5 годишно документирано работно искуство во подготовка на Работна програма на здруженија на граѓани;
  • Да ја познава работата на здруженија на граѓани;
  • Минимум 5 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет;
  • Дигитална писменост за користење на современи алатки за комуникација (Zoom, BlueJeans, и други).

2. Пријава

Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија;
  • Диплома за завршен факултет (копија);
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
  • Примероци за спроведени слични активности за минимум 3 слични работни задачи во последните 5 години;
  • Изјава за минимум 5 годишно работно искуство во работа со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство во работа со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Понудена бруто цена за ден.

3. Опис на позиција: фасилитатор за развој на Годишна програма за работа на НРЦ за 2021 година

Број на позиции:

  • (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
  • Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)

Времетраење:  2 работни дена во  месец  февруари и/или месец март2021 година.

Работни задачи за потребите на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

Ангажманот вклучува имплементација на активности поврзани соразвој на  Годишна програма за работа на НРЦ за 2021 година во рамки на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија. Согласно проектните документи ангажманот ќе биде 2 работни дена во месец февруари и/или месец март 2021 година.

Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија:

  • Одржување на две еднодневни работилници за развој на  Годишна програма за работа на НРЦ за 2021 година со вработени и ангажирани лица на НРЦ;
  • За оваа активност е предвиден ангажман од 2 работни дена (буџетска ставка 1.3.2.1);
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet во рок од 5 дена по завршување на ангажманот;
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата;
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот.

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка.  Исплатата ќе биде еднократна по завршување на ангажманот и одобрување на доставен извештај и time sheet од страна на извршителот..

4. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство, цена, на понудувачот согласно бараните критериуми.

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Бруто цена за ден – 20 поени

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адресиinfo@nationalromacentrum.org и ksojic@nationalromacentrum.orgнајдоцна до 19.02.2021 година до 16:00 часот.


ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ФАСИЛИТАТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА НРЦ ЗА 2021 ГОДИНА was first posted on February 15, 2021 at 4:18 pm.
©2016 “Национален Ромски Центар“. Use of this feed is for personal non-commercial use only. If you are not reading this article in your feed reader, then the site is guilty of copyright infringement. Please contact me at dalibor.sojic@gmail.com

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор