ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И АНАЛИЗИ ЗМАИ
Објавено: 16/02/2021
Вкупен буџет: 1.798.435 МКД
Времетраење: 15 месеци
КОНСТИТУЕНТИ
Основна целна група на овој проект се граѓанските организации кои работат на креирање на јавни политики на централно, а особено и на локално ниво, како организации чија главна активност им е застапување.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
ЦЕНТАР ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ (PUBLIC POLICY CENTER)
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Во изминатите 2 години сведоци сме на значително зголемување на транспарентноста и достапноста на податоци од државните институции на централно и локално ниво. Ваквата состојба дава подобри можности за истражување и анализи на граѓанските организации кои пред сè се занимаваат со креирање на јавни политики и застапување. Од друга страна пак, сведоци сме дека капацитетите на голем број локални организации се многу мали, а со тоа и квалитетот на истражувањата и придонесот кон јавните политики не се на завидно ниво.
Согледувајќи го недостатокот на капацитетите од една страна и зголемените можности за анализи на отворени податоци и новите можности за застапување од друга страна, тимот на ЗМАИ верува дека воспоставување на механизам за градење на истражувачки капацитети на граѓанските организации, особено оние кои работат во локални средини е една од клучните иницијативи за да се поттикнат граѓанските организации да бидат сериозен партнер во процесот на градење на јавни политики. Истовремено, со спроведување на овој проект локалните граѓански организации, кои ги претставуваат локалните заедници и интересни групи, ќе ги јакнат своите јадра и ќе градат одржливи партнерски односи со властите.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Силни граѓански организации кои креираат јавни политики базирани на релевантни истражувања и анализи.
Специфична цел/и: Воспоставување механизам за развој и вмрежување на граѓанските организации во насока на креирање на јавни политики, градени врз база на квантитативни анализи.
РЕЗУЛТАТИ
- Мрежа на обучени поединци вработени во граѓанскиот сектор за спроведување и креирање на предлози за јавни политики базирани на факти;
- Објавени трудови за предлози за јавни политики базирани на факти;
- Зголемен истражувачки капацитет на граѓанските организации.
АКТИВНОСТИ
- Административна подготовка;
- Процес на промоција на повикот за ГО и селекција на кандидати;
- Едукација и тренинг;
- Истражување под менторство;
- Промоција на истражувањата.