Потребно е унапредување на правната заштита и институционалната поддршка за жртвите на родово базирано и семејно насилство
Хелсиншкиот комитет за човекови права, на 30 јуни, 2025 година во Скопје го презентираше „Извештајот за озбебедена бесплатна правна помош на жртви на родово базирано и семејно насилство“, кој беше подготвен во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија – Фаза II“, поддржан од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Британската амбасада во Скопје.
Овој извештај што го подготви Наташа Петковска, правна советничка во Хелсиншкиот комитет, го опфаќа периодот од јули 2024 до март 2025 година и ги прикажува резултатите од обезбедената правна и параправна помош на вкупно 383 жени, вклучително и случаи каде што беа ангажирани адвокати за судско застапување на жртвите.
На настанот, Тона Карева Талеска и Александра Трајановска, правни советнички во Хелсиншкиот комитет ги презентираа клучните согледувања и препораки што произлегуваат од теренската работа на Хелсиншкиот комитет, вклучително и наодите од форумите со жени во сите региони на земјата, каде беа идентификувани клучните системски бариери за пристап до правда и поддршка.
Присутните претставници од МВР, од другите надлежни институции и од граѓанските организации учествуваа во дискусијата за резултатите од извештајот од која произлезе дека е потрбно понатамошно унапредување на правната заштита и институционалната поддршка за жртвите на родово базирано и семејно насилство во која поактивно треба да се вклучат сите релевантни чинители.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44301](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/raf1-1018x1024-1-768x773.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44384](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/mk-grc-mala.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44127](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/630311151_895856849832384_2455287352878253917_n.jpg)
![[aggregator] downloaded image for imported item #40356](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/09/web-page-cover-scaled-1-768x337.webp)
