рурална коалиција

Потребна е приоритизација и координација за адаптација на Македонија кон климатските промени

17 Јуни – Светски ден на суша и опустинување

Светот е соочен со сериозните последици од климатските промени кои стануваат се поочигледни и се потешко да се избегнат. Земјите во развој како нашата се особено погодени поради неможноста финансиски да се справат со загубите и штетите. Токму поради тоа мораме да планираме прилагодување на сите сектори на општеството со цел подобро справување со новонастанатите климатски услови.

Според извештајот на Germanwatch продолжените топлотни бранови биле најголемиот причинител на човечки жртви и штети во 2018. Само во Германија топлотните бранови помеѓу април и јули 2018 биле причина за 1246 смртни случаи. 70% од почвата била погодена од суша до октомври 2018. Притоа, најмногу на удар се нашето здравје и производството на храна.

„Во пчеларството најмногу ги чувствуваме климатските промени бидејќи последните неколку години добиваме минимални количини на мед, а во одредени региони нема воопшто никакви приноси, па доведено е во прашање и самиот опстанок на пчелните семејства.“ – вели Менде Трајковски од Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија

“Климатските промени се се поприсутни на полињата, родот е со се помал квалитет, а сведоци сме на целосно уништени посеви или овоштарници во зависност од тоа каде ќе зафати невремето. Но и покрај ова, над 90% од земјоделците сметаат дека државата треба да го реши проблемот со климатските промени и не превземаат активности за прилагодување кон климатските промени сметајќи дека тоа се премногу скапи процеси, а и нема кој да ги води низ процесот, односно досега немало посебна стратегија за адаптација на земјоделството кон климатските промени, а во последната Национална стратегија за земјоделство и рурален развој за прв пат се споменуваат одредени мерки и активности за прилагодување на земјоделското производство кон климатските промени.” – вели Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална Коалиција.

Според проекциите за екстремните временски настани изработени во рамките на Четвртиот национален план за климатски промени, Македонија во иднина ќе се соочи со потопла и посушна клима, односно се очекува зголемување на топлите екстремни настани и намалување на студените екстремни настани. Очекуваното намалување на летните врнежи и продолжувањето на времетраењето на последователните сушни денови ќе го зголемат ризикот од суша. Со ова, како резултат на потоплите временски услови, должината на вегетацискиот период ќе се зголеми во просек.

„И покрај ова, нашата држава сеуште нема национален план за прилагодување на земјата кон овие нови услови на живеење предизвикани од климатската криза. Ваков план би требало да обезбеди една институција, која ќе биде одговорна за координација на активностите за прилагодување кон климатските промени, наместо растуреност и дисперзија на надлежностите помеѓу повеќе институции како што е тоа случајот во моментов. Овој план ќе мора да обезбеди и силен систем за координирање и комуницирање помеѓу власта и општините, бидејќи целиот товар за обезбедување спроведување ќе падне токму на нив.“ – вели Елена Николовска од Еко-свест

Согласно специјалниот извештај за клима и здравје на СЗО од 2019, земјите се повеќе го приоретизираат здравјето на луѓето и климатските промени и дури половина од прашаните се изјасниле дека имаат стратегија или план или стратегија за здравство и климатски промени. Загрижувачки само 38% од нив имаат испланирано финансиски средства за најмалку делумна имплементација на овие планови, додека помалку од 10% насочуваат ресурси за целосна имплементација. Само 48% од државите имаат направено проценка на климатските ризици по јавното здравство.

Ние имаме Стратегија за адаптација на здравствениот сектор кон климатските промени која престанала да важи во 2015, оттогаш нема никаков плански документ за прилагодување на здравствениот сектор кон климатските промени, иако пандемијата покажа дека токму овој сектор мора да биде приоритетен.

„Топлотните бранови се тешки да се предвидат бидејќи недостасуваат многу потребни информации од земјите. Потребни се бројни метеоролошки податоци за многу параметри и современи метеоролошки станици со цел навремено информирање и превенција со цел да се заштитат луѓето и производството на храна. Од друга страна урбанизацијата и искористувањето на земјиштето, губењето на шумскиот фонд и пожарите играат огромна улога во зачестувањето на топлотните бранови. Во нашата држава во моментов имаме нагорен тренд на грабање на земјиштето и ресурсите кои треба да ги штитиме.“ – вели Бојана Станојевска Пецуровска од Центарот за климатски промени 

За таа цел бараме од централните власти да го забрзаат процесора на планирање на адаптацијата кон климатските промени и во сите активности да се вклучат локалните власти, а целиот процес да биде транспарентен и да овозможи активна вклученост на сите граѓани.

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор