[Aggregator] Downloaded image for imported item #45435

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Извидничкиот одред „Мирко Милески“ – Кичево и Општина Кичево во рамки на проектот за чист воздух

Извидничкиот одред „Мирко Милески“ – Кичево ја информира јавноста дека, во својство на партнер во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“, кој го спроведува Здружението на еколози „Натура“ – Струга, со поддршка на Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, во просториите на Општина Кичево се одржа работна средба, при што беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу нашата организација и Општина Кичево.

Меморандумот беше потпишан со градоначалникот на Општина Кичево, д-р Александар Јовановски, што претставува значаен чекор кон зајакнување на институционалната соработка во областа на заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот на територијата на општината.

Проектот има за цел да го зајакне партнерството помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа, како и да овозможи инсталирање на вкупно 30 инструменти за мерење на квалитетот на воздухот во пет општини од Југозападниот регион.

За време на средбата беше презентиран проектот и планираните активности, со посебен фокус на:

• воспоставување структурирана соработка со општинската администрација на Кичево;
• инсталирање и функционализирање на мрежата на граѓански инструменти за мерење на квалитетот на воздухот;
• активно вклучување на Општина Кичево во Регионалниот граѓански совет за воздух, како платформа за редовен дијалог меѓу општините, граѓаните и организациите на граѓанското општество;
• координација на активностите преку назначени контакт лица од страна на локалната самоуправа.

Извидничкиот одред „Мирко Милески“ – Кичево му се заблагодарува на градоначалникот д-р Александар Јовановски и на општинската администрација за покажаната подготвеност и поддршка, потврдувајќи ја својата заложба за отворен дијалог, активно граѓанско учество и конкретни активности во насока на поздрава животна средина и почист воздух за сите граѓани на Кичево.

Проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“ има за цел да го подобри управувањето со квалитетот на воздухот преку активно граѓанско учество, пристап до отворени податоци и соработка со општините во Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево.

Што ќе постигнеме?

  • Поставување на најмалку 30 граѓански инструменти (Климерко) за мерење на квалитетот на воздухот, поврзани со јавната платформа www.klimerko.org
  • Обука на 100 граѓани, наставници и млади активисти за мониторинг и користење на податоци
  • Формирање на Регионален граѓански совет за воздух за редовен дијалог со општините

Клучни активности

  • Мапирање и избор на локации
  • Инсталација и поврзување на инструментите
  • Инфо-кампања за подигање на јавната свест
  • Организирање обуки и јавни форуми
  • Подготовка на препораки за локални политики за чист воздух
  • Регионална завршна конференција

Очекувани резултати

  • Функционална регионална мрежа со јавно достапни податоци
  • Зајакнати капацитети на граѓаните за активно учество
  • Структуриран и континуиран дијалог меѓу граѓаните и општините
  • Конкретни препораки за политики за чист воздух во најмалку 5 општини

Проектот создава модел на граѓанска наука и партнерство, каде податоците стануваат алатка за транспарентност, одговорност и одржлива зелена иднина за регионот

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Здружение на еколозите Натура – Струга и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in North Macedonia Извиднички одред “Мирко Милески” / Scout group “Mirko Mileski”

#CHinMK #CivicaMobilitas

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор