НРЦ

Покана за учество на 5-та онлајн работилница

Почитувани,

Ве покануваме на учество на петта онлајн работилница организирана од НРЦ – Куманово, на тема: „Предизвици и справување со стрес во актуелни услови во кои живееме “ а ќе понуди информации и техники како да се справиме стресот предизвикан од актуалената пандемија со Ковид19 и прашањата за вакцинацијата. Активноста е во рамките на проектот „Унапредување на здравствената заштита на Ромките во време на здравствена криза“ финансиран од страна на Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ).

Работилницата ќе се одржи онлајн на платформата ZOOM на 11.06.2021 г. (Петок) со почеток во 17:00 часот.

Заинтересираните може да се пријават на следниот e-mail: musstafowski@yahoo.com по што ќе ви биде испратена покана со линк за приклучување работилницата и агенда.

***

Содржината на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондација отворено општество – Македонија

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор