Покана за хуманитарна забава

Драги пријатели на животните, Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ организира и ве кани на предновогодишна забава за помош на животните која ќе се одржи во клубот КОНЦЕПТ 37 (Рузвелтова 37) на 20.12 (недела) од 21:30 часот.

Забавата ќе биде со хуманитарен карактер со цел собирање на средства за лекување и грижа за бездомни животни. Секако добредојдени се секој друг вид донација за помош на бездомните животни – храна, витамини, медикаменти, поводници и слично.

Дојдете да се забавуваме и заедно им помогнеме на оние кои зависат од нас, дојдете заедно да им помогнеме на животните!

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор