[Aggregator] Downloaded image for imported item #51922

Поголема поддршка, повеќе можности: Граѓанскиот ресурсен центар поблиску до организациите од  Крива Паланка


101

На 18 јуни 2026 година во Општина Крива Паланка, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) одржа отворен ден со граѓанските организации од Крива Паланка, на кој беа претставени можностите за поддршка, јакнење на капацитетите и развој на граѓанското општество.

Пред претставниците на локалните здруженија, Валентина Величковска, извршна директорка на Граѓанскиот ресурсен центар, ги презентираше актуелните состојби во граѓанскиот сектор во земјата, како и можностите за негов понатамошен развој. На настанот беше претставена Жаклина Цветковска, регионален експерт на ГРЦ за Североисточниот плански регион, која во наредниот период ќе обезбедува советодавна и менторска поддршка за организациите од регионот.

Во отворената дискусија учесниците ги споделија своите потреби, предизвици и очекувања, нагласувајќи ја важноста од континуирана поддршка за развој на организациските капацитети, подобра информираност и поголема вклученост на младите.

Делфина Петковска од КУЗ „Карпош“ од Крива Паланка истакна дека младите во локалната заедница се недоволно организирани, што се одразува врз нивното учество во граѓанскиот сектор. „Назначувањето регионален експерт за Североисточниот регион и поддршката од ГРЦ ќе придонесат за поорганизирано и поактивно вклучување на младите во граѓанските иницијативи. Најважно е што ќе можеме да ги користиме ресурсите на ГРЦ за обуки, менторство и соработка, и што ќе има кој да не насочува и информира. Ова е можност да ги градиме сопствените капацитети, да ги развиваме своите проекти, да градиме партнерство   и да имаме подобар пристап до донаторските програми за да придонесеме за развојот на граѓанското општество во нашата заедница и во регионот“, рече таа.

Милица Николовска, член на  КУЗ „Распеани Паланчани“  и на Здружение „Осоговски акцијаши“ смета дека партнерството со ГРЦ ќе им помогне да ги зајакнат организациските капацитети за поголема видливост на нивните активности, што е можност за привлекување нови членови и волонтери. Од големо значење е што преку регионалниот експерт ќе обезбедат советодавна и менторска поддршка за ги развиваат своите идеи и да  имаат поголемо влијание во локалната заедница. „Поддршката од ГРЦ ќе ја искористиме за зајакнување на нашите комуникациски вештини за препознатливост во општината и во граѓанскиот сектор, со цел да поттикнеме вклучување на младите волонтери во нашите активности. Оваа соработка ни овозможува и да ги систематизираме нашитите активности преку кои ќе градиме одржливи модели на финансирање и ќе развиваме проекти за аплицирање пред донаторските фондови“, истакна Николовска.

Поддршка за иницијативата изрази и Општина Крива Паланка. Антонио Давитковски, раководител на Одделението за локален економски развој и евроинтеграции, нагласи дека општината веќе обезбедува финансиска поддршка за граѓанските организации и ја поздрави иницијативата на ГРЦ за систематско зајакнување на нивните капацитети. „Како општина издвојуваме значителни средства за поддршка на граѓанските организации, а многу од активностите, особено што се однесува на култрата и спортот,  се децентрализирани и ги спроведуваат самите здруженија со финансиски средства обезбедени од локалната самоуправа. Затоа, ја поздравувам иницијативата на ГРЦ да работи активно на зајакнување на капацитетите на граѓанскиот сектор, во што и ние како општина ќе се вклучиме. Бидејќи работиме според ЛОД методологија за распределба на јавните средства, мислам дека е потребно во соработка со ГРЦ  заеднички да спроведеме обука за граѓанските здруженија за подготовка на проектни апликации. Така ќе ги зајакнеме капацитетите на граѓанскиот сектор за развивање проектни идеи, а воедно ќе добиеме и квалитетни проекти што би ги поддржале. Како ресурсите на ГРЦ, така и општинските ресурси ги ставаме на располагање и мислам дека заеднички многу поефикасно ќе влијаеме на локалниот развој и подобра овозможувачка околина за граѓанското општество”, истакна Давитковски.

100

Настанот потврди дека постои силен интерес кај локалните организации за унапредување на нивните капацитети, за меѓусебно поврзување и за поактивно учество во процесите на локален развој. Преку регионалната поддршка што ја обезбедува Граѓанскиот ресурсен центар, локалните организации ќе имаат пристап до информации, советодавни поддршка, менторство и програми за јакнење на нивните капацитети.

Посетата на Мобилниот ресурсен центар е организирана во рамките на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Фондацијата Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи – Гостивар и Медиа Плус – Штип.

Source

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Граѓански ресурсен центар

Продолжи со читање

  • Високите цени ја надминаа корупцијата како клучен проблем, но расте прифатливоста и подложноста на корупција во Северна Македонија

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше идентификувана како најсериозен општествен проблем, во 2025 година граѓаните на Северна Македонија ги рангираат високите цени како своја главна грижа (46,6%), а корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, зголемените трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, додека корупцијата и понатаму останува еден од клучните предизвици со кои се соочува општеството. 

  • Демир Капија: Жените бараат редовни средби со институциите и поголема поддршка за локалните иницијативи

    Демир Капија, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во локалното одлучување, редовни консултации со жителките од руралните средини и навремени повратни информации од институциите беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана во Демир Капија. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Младите од Струга во улога на новинари на работилница за медиумите на заедницата

    Средношколци од Струга учеа за медиумите на заедницата, разговараа за етиката во новинарството и за момент влегоа во улога на новинари. Тие предлагаа теми, анализираа како да ја обработат приказната и дискутираа колку е важно да се зборува јавно за проблемите на локалните заедници и да се бараат решенија.

  • Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода

    Во соработка со Општина Кисела Вода спроведовме процес на партиципативно буџетирање. Граѓаните ги споделија своите потреби, проблеми и предлози за подобрување на квалитетот на животот во општината. Тие ја препознаа иницијативата како корисна и изразија поддршка за организирање ваков тип на настани, кои овозможуваат нивните потреби и идеи да бидат слушнати. Следниот чекор е анализа […]
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • Ден на климатските промени – 4 Ноември

    Денес го обележивме 4ти ноември Денот на климатски промени со учество на Утринска програма на Телма телевизија со нашата  Тамара Радовановиќ Анѓелковска на која што разговаравме за активностите на нашата организација поврзани со заштита на животна средина и намалување/ адаптација на климатските промени.
    Зборувавме за тоа како локалните заедници можат да станат отпорни на климатски промени и зошто е тоа важно.
    Благодарност до редакцијата на Телма телевизија за поканата!
     

  • Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија

    Миграцискиот профил на Северна Македонија се менува. Иако традиционално се препознава како транзитна земја, таа сè повеќе станува земја на дестинација за странски работници и други странски државјани што бараат подолгорочен престој. Според податоците презентирани во нашето истражување, бројот на странски работници се зголемил од […]
    The post Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор