20170428 Albiz vesti

Подготвена Стратегија на ГО за соработка со бизнис секторот

На 25 и 26 април 2017 година во Охрид, Фондацијата „Албиз“ ја организираше втората работилница за креирање на „Неформална платформа на НВО за соработка со бизнис секторот“ каде беше разгледана предлог Стратегијата на граѓанските организации за соработка со бизнис секторот.

Учесници беа претставници на различни организации, членки на неформалната платформа.

Во Стратегијата е даден преглед на актуелната состојба на граѓанските организации во Македонија, како и досегашната соработка на граѓанските организации со бизнис секторот.

Во неа се содржани стратешките цели и предложените активности за секоја од нив. Целите на Стратегијата се: зголемена доверба на јавноста и бизнисите во граѓанскиот сектор; зголемена поддршка за граѓанскиот од страна на бизнис секторот; зајакнат капацитет за соработка помеѓу двата сектора и поттикнувачка правна рамка за донации од страна на бизнисите. Исто така подготвен е и планот за спроведување и следење.

Работилницата е дел од проектот „Финансиска одржливост на НВО преку соработка со деловниот сектор“, кој го спроведуваат Фондацијата „Албиз“ и Стопанската комора на северозападна Македонија. Истиот е финансиран од Европска Унија.

Фондацијата за развој на образование и култура „Албиз“ е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас. Повеќе информации околу ова можете да најдете на нивниот профил.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор