Slika Vistinski 750x493

Податоците од Регистарот на вистински сопственици во земјава не се користат за борба против корупцијата

Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо ја објавија Анализата на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во Северна Македонија.

Анализата покажа дека:

  • Надлежните институции во земјава малку ги користат податоците за вистинските сопственици во насока на спречување, откривање и санкционирање на перењето пари и во борбата против тероризмот, а се чини, воопшто не ги користат за други цели и за спречување корупција, криминал и злоупотреби во другите области.
  • Институциите и надлежната Управа за финансиско разузнавање имаат различни податоци за бројот на случаи против перењето пари и финансирањето тероризам.
  • Од 2022 до април 2024 година, Управата примила 194 иницијативи од надлежните органи од кои, натаму, изработила и поднела 21 извештај до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Дополнително, Управата во истиот период поднела до ова обвинителство и 50 извештаи за сомнителни трансакции, по сопствена иницијатива.
  • Од вкупно 71 извештај што Управата го има поднесено до Обвинителството, 70 % се по сопствена иницијатива, а останатите 30 % по претходно примена иницијатива од некоја од надлежните институции.
  • Од 17 институции во земјава со коишто Управата треба да соработува, од кои осум се директно наведени во законот дека треба да се борат против перењето пари и финансирањето тероризам, само две имаат конкретни бројки за случаите за коишто користеле податоци од Регистарот на вистински сопственици.
  • Северна Македонија не ја презеде обврската што ја препорача ММФ за време за кризата со КОВИД-19 – да ги објави имињата на вистинските сопственици на фирмите што склучиле договор за јавни набавки поврзани со корона-кризата.
  • Земјата не ја спроведе ниту заложбата од Националниот акциски план за Партнерството за отворена власт 2021 – 2023 да ги објавува јавно вистинските сопственици на фирмите понудувачи и на оние што добиле договор за јавна набавка.
  • И Европската Унија и ОЕЦД имаат забелешки за недоволното користење на податоците од регистарот на вистински сопственици.
  • За унапредување на користењето на податоците за вистинските сопственици во земјава се препорачува: проширување на опфатот на вистинските сопственици, олеснување на пристапот до податоците до поширок круг на заинтересирани страни, поврзување со други бази и податоци, поголема интероперативност меѓу институциите и унапредување на проверката на податоците.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Линк до анализата на албански јазик.

Линк до резиме на анализата на англиски јазик.

Проектот „Користење на податоците за вистинските сопственици за намалување на корупцијата“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар на активни граѓани АКТИВО Велес

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор