20180411 cgk vest

Платформа за транспарентност, отчетност и интегритет на институциите

Центарот за граѓански комуникации ја претставува новата веб платформа www.integritet.mk наменета за проценка на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните институции при трошењето пари преку тендерите.

Опфатени се сите министерства, Владата и нејзините секретаријати и Собранието, а годинава ќе бидат додадени и општините и градот Скопје. Истражувањето е спроведено врз основа на податоците за 2016 година, а институциите се рангирани според 31 параметар, утврдени врз основа на обврските што произлегуваат од Законот за јавните набавки, од Акцискиот план за Отвореното владино партнерство и од добрата пракса во трошењето јавни пари.

Зависно од нивото на транспарентност, отчетност и интегритетот во јавните набавки, институциите се рангирани во едно од следниве пет нивоа: „оскудно“ (0-20%), „минимално“ (20%-40%), „ограничено“ (40%-60%), „солидно“ (60%-80%) и „високо“ (80%-100%). Сите анализирани 21 институција се наоѓаат во трите средни нивоа на рангирање (од можни пет) и исполнуваат од 34% до 65% од критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки. Платформата содржи и алатка за самоевалуација на институциите како основа на нивно постојано подобрување. Платформата е изработена со поддршка од Европската унија.

Центарот за граѓански комуникации е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право!

    Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека во недела, 19 октомври 2025 година, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават  повреда на избирачкото право за време на првиот круг на Локалните избори. Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека […]
    Read More… from Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право!
    The post Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право! appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Хелсиншки комитет остро реагира против злоупотребата на деца во политички цели

    Хелсиншки комитет за човекови права најостро реагира на сѐ почестите случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политички активности во пресрет на претстојните локални избори. Иако официјалната изборна кампања завршува за неколку дена, на социјалните мрежи може да се забележат бројни фотографии и видеа каде децата се злоупотребени за политички цели од страна на […]
    Read More… from Хелсиншки комитет остро реагира против злоупотребата на деца во политички цели
    The post Хелсиншки комитет остро реагира против злоупотребата на деца во политички цели appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Кога се штеди на превенција, последиците се скапи – граѓанските организации и институциите со заеднички повик за поголеми вложувања во превенцијата

    Граѓанските организации и институциите од здравствениот сектор отворија јавен дијалог за унапредување на пристапот до квалитетни превентивни здравствени услуги за жените, девојките и ранливите групи, на тематскиот форум „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ одржан на 15.10.2025 година. Главните заклучоци од дискусијата се дека неопходно е вклучување на…

  • Средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата

    Finance Think организираше средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата на тема „Праведна енергетска транзиција: Кои се придобивките, а кои ризиците“. Клучните заклучоци се: Економски придобивки преку заштеди во цената на електричната енергија за домаќинствата и зголемена конкурентност на компаниите. Почиста и поздрава околина преку поголемо користење на обновливи извори на енергија. Координација […]
    The post Средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата first appeared on Finance Think.
    The post Средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата appeared first on Finance Think.

  • Работна средба помеѓу старешинството на ИО “Димитар Влахов“ и на СИМ

    На 7.10.2025 год. (вторник) во Домот на НВО во Велес се одржа работна средба помеѓу старешинството на извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес и старешинството на Сојуз на извидници на Македонија. На средбата учество зема старешината на СИМ Миќо Стојановски со членови на старешинството на СИМ и извршната канцеларија на СИМ….

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор