На деветтиот состанок на Националната работна група за реформа на јавната администрација петте грантисти од програмата за мали грантови во рамки на проектот ВеБЕР 2.0 ги презентираа своите имплементирани проекти, дискутираа за предизвиците, како и за и идните можности за соработка.

Во програмата за мали грантови со свои проекти учествуваа Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци- Виница, Коалиција “Сите за правично судење”, Рурална Коалиција, FINANCE THINK – Институт за економски истражувања и политики и Центар за одржлив развој на заедницата –Дебар.