ЕПИ

Пет организации ќе ја следат реформата на јавната администрација на локалнo ниво преку грантови од проектот ВЕБЕР 2.0

Пет организации од земјава станаа грантисти на проектот WeBER 2.0 и ќе работат на следењето на реформата на јавната администрација на локално ниво.  Организациите ќе работат на проекти за дигитализација и професионализација на администрацијата во општини, подобрување на човечките ресурси во локалната самоуправа, како и поттикнување на е-услугите и консултациите за кроењето на буџетите според локалните потреби.

Претставници од коалицијата „Сите за правично судење“, Finance think, Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар, Рурална коалиција, како и Иницијативата на невработени интелектуалци од 7 до 9 јули присуствуваа на работилница во Леуново. Претставниците на организациите добитници на грантови на работилницата имаа можност за запознавање со проектот и проектниот циклус.

На првиот ден од работилницата, организациите ги претставуваа своите проекти и се разговараше за  процесот на консултации со граѓани на ниво на ЕУ. Грантистите преку конкретни примери од своите проекти ни објаснија како ќе вршат локални консултации со граѓаните.

Од страна на ЕПИ беа презентирани клучните наоди од вториот Национален извештај за мониторинг на реформата на јавната администрација.

Проектниот циклус, финансиското управување и финансиското известување беа дел од обуката на вториот дел од работилницата, каде што проектната менаџерка Јована Кнежевиќ, од партнерската организација Центар за европски политики од Белград преку практични примери и објаснување на правилата ги доближи и објасни овие теми на грантистите.

Завршниот ден од работилницата беше посветен на комуникациите и правилата за видливост на проектите. Грантиститите даваа идеи и предлози за поуспешна промоција на проектот, а презентирана беше и регионалната граѓанска платформа – sledimereformi.mk.

Проектот WeBER 2.0 – Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација е имплементиран од шест организации од Западниот Балкан, членки на мрежата Think for Europe- TEN (Центарот за европски политики- CEP Белград, Институтот за демократија и медијација – IDM Тирана, Институтот Алтернатива – IA Подгорица, Иницијатива за надворешна полтика – FPI Сараево, Група за правни и политички студии – GLPS Приштина, и Институтот за европска политика – EPI Скопје), координиран од Центарот за европски политики од Белград. Исто така, партнер на овој проект е и European Policy Centre – EPC од Брисел. Проектот WeBER 2.0 е финансиран од Европската Унија.

The post Пет организации ќе ја следат реформата на јавната администрација на локалнo ниво преку грантови од проектот ВЕБЕР 2.0 appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • Предновогодиншна волонтерска забава

    На 26.12.2025год. (петок) во просториите на Младиснкиот Центар Матично во Скопје, се одржа традиционалната предновогодиншна волонтерска забава организирана од страна на Сојуз на извидници на Македонија . На оваа забава имаше гости од страна на секој одред во државава, а воедно од нашиот одред учество земаа 15 членови. The post…

  • ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „ЕКО ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ПРИЛЕП“ ЗА ТРЕТИОТ #ЗЕЛЕНПЕТОК

    Во рамки на иницијативата #ЗеленПеток, се одржа ликовната изложба „Еко перспективиза Прилеп“, како дел од третата по ред месечна акција #ЗеленПеток, посветена наподигнување на еколошката свест и поттикнување активен дијалог во заедницата. Изложбата ги претстави уметничките изработки на млади учесници од Прилеп, создадениза време на едукативна ликовна работилница реализирана во ноември 2025 година, ворамки на…

  • Национална конференција „Младите во борбата против корупцијата“

    Во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“ беше организирана Национална завршна конференција „Младите во борбата против корупцијата“. На конференцијата се собраа граѓански организации, креатори на политики, младински лидери и членови на заедницата за да дискутираат за резултатите од проектот.

  • Работилница во ВПД Тетово: Поддршка на ресоцијализацијата на децата преку едукација, музика и грижа

    Хелсиншкиот комитет за човекови права одржа работилница со децата во Воспитно–поправниот дом Тетово, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, финансиран од Европската Унија. Работилницата беше конципирана во два дела, со цел да се создаде безбедна и поддржувачка средина што придонесува кон […]
    Read More… from Работилница во ВПД Тетово: Поддршка на ресоцијализацијата на децата преку едукација, музика и грижа
    The post Работилница во ВПД Тетово: Поддршка на ресоцијализацијата на децата преку едукација, музика и грижа appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Видео: Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter)

    Во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter), заедно со експерти, зборуваме за препознавање и спречување на родово базирано онлајн насилство. 🌐💪 Ова видео е дел од нашите напори да ги поттикнеме младите жени да се чувствуваат посилни, информирани и безбедни на интернет. 🔎 Научете:✔️ што…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор