03042017 IDSCS vesti

Панел дискусија: „Што нѐ спречува во успешна борба против корупцијата?”

Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Европската академија за демократија и Факултетот за политички студии од Вишеград организира панел дискусија под наслов “Што нѐ спречува во успешна борба против корупцијата?”. Настанот ќе се одржи на 4 април (вторник) од 11 до 13:30 часот во конференциската сала на Елит плаза во Скопје.

Панел дискусијата ќе ја отвори на Миша Поповиќ, постар истражувач од центарот за истражување на ИДСЦС, кој ќе презентира на темата „Сите тоа го прават: рефлексија на корупцијата на општеството“.

Понатаму следува презентацијата на Марија Саздевски, соработник на проектот од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) која е на тема „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата“.

Програмата ќе биде заокружена со сесијата за прашања и одговори.

Оваа дискусија е дел од серијата настани „Форум за анти-корупцијата во земјите од западен Балкан” поддржани од Советот на Европа и Интернационалниот фонд на Вишеград.

Институтот за демократија „Социетас Цивилис”- Скопје е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор