ЕПИ

Пандемијата ги влоши предизвиците со кои се соочува граѓанското општество

Граѓанските организации низ цела Европа нудат услуги, се вклучени во заедниците, подигнуваат свесност, застапуваат и ги држат одговорни властите. Но, тие исто така се соочуваат со закани, напади, намалување на финансирањето и непропорционални рестрикции. Ова се само дел од предизвиците со кои организациите кои работат со човекови права со соочувааат во некои делови од ЕУ, а пандемијата на коронавирусот ги влоши работните услови, потенцира новиот извештај на Агенцијата за темелени права на ЕУ (ФРА). ФРА ги повикува креаторите на политики да поттикнат поповолна работна средина за граѓанското општество, помагајќи да се реализираат човековите права за сите.

„Силно и здраво граѓанско општество е крвотокот на нашата демократија. Сепак, во некои земји граѓански организации се под огромен притисок“, изјави директорот на ФРА, О’Флерти. „Иако постојат неколку оази на надеж, ЕУ и земјите од ЕУ треба да ги поддржат граѓанските органиации насекаде, за да може да ја исполнат својата витална улога и да ги бранат нашите темелни права“.

Извештајот на ФРА „Заштита на граѓанскиот простор во ЕУ“ фрла светло на предизвиците со кои се соочува граѓанското општество низ ЕУ. Онлајн консултациите со преку 400 граѓански организации кои работат на заштита на човековите права направени за потребите на извештајот откриваат:

–          Влошени услови – повеќе од половина од граѓанските организации (57%) кажаа дека нивните услови за работа се влошиле во 2020 година;

–          Закани и напади – 40% добиле вербални закани оналјн, една третина (33%) пријавиле кампањи за оцрнување на нивните организации, а 10% доживеале правно малтретирање;

–          Ограничена слобода – многу организации пријавуваат потешкотии во практикување на нивната слобода на собири (29%), слобода на изразување (25%) и слобода на здружување (18%);

–          Недостаток на финансии – повеќе од половина (60%) имале потешкотии во пронаоѓањето на финансиски средства за нивната работа;

–          Ограничена вклученост – речиси половина (46%) немале соодветни информации за вклучување во донесувањето одлуки и јавните консултации.

Но, овој извештај исто така ги потенцира и позитивните движења и ветувачките практики. Помеѓу нив се и тоа што властите јавно даваат признание за важноста на работата на граѓанското општество, целосно ги вклучуваат граѓанските организации во градењето на политики или ја намалуваат бирократијата за регистрација на невладина организација.

Водејќи се од овие три позитивни примери, ФРА им препорачува на ЕУ и земјите на ЕУ да:

–          Ги следат случувањата – да ги следат предизвиците со кои се соочуваат граѓанските организации и да најдат начин брзо да одговорат на препреките;

–          Ги заштитат правата – да обезбедат дека законите на ЕУ и националните закони го зајакнуваат правото на слобода на изразување, собирање и здружување;

–          Обезбедат финансирање – да ги адресираат потребите на граѓанското општество со финансирање од ЕУ и да ги отстранат пречките за финансирање;

–          Поттикнат дијалог – да поддржат отворен, транспарентен и редовен дијалог помеѓу креаторите на политики и граѓанското општество на ЕУ, национално и локално ниво;

–          Го заштитат граѓанското општество – да обезбедат ефективна заштита од напади и административно малтретирање.

Овој извештај е базиран на докази собрани од страна на мрежата за истражување на Агенцијата во 2020 година, две онлајн консултации со граѓански организации и истражување. Овој извештај е надоградба на извештајот на ФРА од 2018 година за предизвиците на граѓанското општество.

The post Пандемијата ги влоши предизвиците со кои се соочува граѓанското општество appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор