Untitled Design (16)

ОТВОРЕН ПОВИК за избор на локални еко амбасадори од Општина Прилеп

Здружение СТАНИЦА ПЕТ во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“ објавува:

ОТВОРЕН ПОВИК

 за избор на локални еко амбасадори

Овој повик има за цел избор на 4 локални активисти – еко амбасадори од Општина Прилеп, кои ќе бидат дел од обука за мониторинг и комуникација со локалните власти и ќе служат како посредници меѓу граѓаните и институциите.

За проектот:

Општа цел: Зголемување на граѓанското учество во процесите на заштита на животната средина преку развој на активизам во заедниците и подобрување на транспарентноста и комуникацијата со властите.

  • Краткорочна цел 1: Поттикнување и развој на еколошкиот активизам во локалните заедници преку едукација и ангажирање на граѓаните.
  • Краткорочна цел 2: Зајакнување на двонасочната комуникација помеѓу граѓаните и властите преку дигитални и интерактивни алатки.
  • Краткорочна цел 3: Подобрување на транспарентноста на властите преку достапност на информации за јавните расходи и активности за заштита на животната средина.

За повикот – избор на локални еко амбасадори

Во месец септември 2025 година ќе се организира тридневна обука за избраните активисти, со цел тие да стекнат практични знаења и вештини за:

  • граѓанско застапување и комуникација со локалната власт,
  • разбирање на локалните и националните еколошки политики,
  • организирање јавни акции и информирање на граѓаните,
  • ефективно посредување помеѓу потребите на заедницата и одлуките на локалната власт.

Обуката ќе се реализира преку интерактивни сесии, симулации и работа на реални примери, под менторство на искусен експерт.

По завршувањето на обуката, избраните еко амбасадори ќе бидат активно вклучени во проектни активности во текот на наредните осум месеци (октомври 2025 – мај 2026).
Како подготвени и препознаени претставници на граѓаните, тие ќе имаат клучна улога во:

  • подигање на јавната свест за еколошки прашања,
  • иницирање и спроведување локални иницијативи,
  • обезбедување континуирана комуникација меѓу институциите и заедницата.

Кој може да се пријави?

Право на пријавување имаат сите заинтересирани граѓани кои:

  • имаат интерес и познавање на еколошки теми,
  • поседуваат искуство во теренски активизам и работа со заедницата,
  • се мотивирани да го застапуваат јавниот интерес,
  • сакаат да придонесат за подобра комуникација меѓу институциите и граѓаните.

Посебно ги охрабруваме младите, жените и граѓаните од маргинализирани заедници да се пријават.

Што добивате?

Како избран еко амбасадор ќе имате можност:

  • да стекнете нови вештини и знаења за застапување,
  • да бидете препознаен претставник на вашата заедница,
  • да иницирате локални иницијативи и активности,
  • активно да придонесувате за подобра животна средина и јавна свест.

Како да се пријавите?

Испратете кратка биографија (CV) и мотивациско писмо (до 1 страница) на е-маил: stanicapet@gmail.com  со назнака „Пријава за еко амбасадор“ најдоцна до 03.09.2025.

За дополнителни информации обратете се на: 076/278-753.

*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор