[aggregator] downloaded image for imported item #39871

Втора средба на мултисекторски тим за спречување и заштита од родово-базирано и семејно насилство

Во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, на 27 август 2025 година се одржа втората средба на мултисекторскиот тим во организација на Здружение Станица ПЕТ.

Целта на оваа средба беше:

  • Детектирање на системските пречки преку анализа на конкретни случаи
  • Подобрување на координацијата меѓу институциите
  • Дефинирање на идни насоки за заедничко делување

На средбата се дискутираа конкретни случаи на родово базирано и семејно насилство и беа идентификувани сериозни системски предизвици: недоволна размена на информации, доцнење во постапување и недостаток на заштита за социјалните работници. Особено загрижува нарушувањето на анонимноста на пријавителите од страна на институциите, што директно го загрозува животот и безбедноста на жртвите.

Следната средба ќе биде посветена на вклучување на Обвинителството и Судот, со цел да се зајакне правниот одговор и ефективноста на институциите во справување со насилството. Ова ќе претставува важен чекор кон изградба на поефикасен, доверлив и одржлив систем за заштита на жртвите.

Оваа активност е дел од проектот „ Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата “, кој го спроведувa Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп“, во рамки на акцијата „СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство “, финансирана од Европската Унија, а предводена од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп, и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите и гледиштата на Европската Унија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор