[Отворен повик] Грантова шема: Вклучување на граѓаните во реформата на јавната администрација (РЈА) на локално ниво

Проектот „Овозможување на реформа на јавната администрација во Западен Балкан – WeBER 3.0“ е три и пол годишен регионален проект вреден 1.444.451 EUR, финансиран од страна на Европската Унија, претставена од Европската комисија и кофинасиран од Австриска развојна агенција. Периодот на имплементација на проектот е од февруари 2023 до јули 2026 година.

Вкупна сума од 280,000 евра е доделена за грантовата шема со цел да поддржи 20 грантови, секој во вредност од 14.000 евра од кои 4 во Србија, 4 во БиХ, 3 во Албанија, 3 во Северна Македонија, 3 во Косово и 3 во Црна Гора. Траењето на доделените грантови е најмногу до 15 месеци.

Целта на грантовата шема е во согласност со Целта 3 од Проектот: Зајакната вклученост на мали и други локални ГО за РЈА на локално ниво, како и граѓански ангажман во РЈА.

Тематски и преку специфични активности, проектите поддржани преку грантовата шема ќе бидат силно интегрирани во структурата на Проектот WeBER 3.0 и директно ќе придонесат кон остварување на целопкупните цели на проектот.

Апликантите треба да ги поднесат своите предлози и барани документи на следната е-маил адреса: weber.grants@thinkforeurope.org и Cc: stefan.radojcic@cep.org.rs.

Насловот на е-маилот треба да гласи: “CfP #WeBER-G-03: (country) Application” (e.g. “CfP #WeBER-G-03: North Macedonia_Application”).

Рокот за поднесување на апликациите е 28 декември 2023 година.

Прашањата за појаснување може да бидат пратени по е-меил најдоцна до 30 октомври 2023 година на e-меил адресата: weber.grants@thinkforeurope.org и Cc: stefan.radojcic@cep.org.rs. Насловот на е-меилот мора да гласи: “CfP #WeBER-G-03: (country) Прашања за појаснување”.

Појаснувања за прашањата добиени по овој датум нема да бидат дадени. Нема да бидат дадени поединечни одговори на добиените прашања. Појаснувањата на сите прашања ќе бидат објавени во рамките на еден документ на www.par-monitor.org најдоцна до 17 ноември 2023 година.

За сите заинтересирани апликанти ќе бидат овозможени информативни сесии што ќе се одржат онлајн преку Zoom во периодот од 16 октомври до 20 октомври 2023 година.

The post [Отворен повик] Грантова шема: Вклучување на граѓаните во реформата на јавната администрација (РЈА) на локално ниво appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор