ЕПИ

Отворен повик: ЕПИ има потреба од волонтер/ка

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје има потреба од ангажман на еден волонтер/волонтерка во рамки на проектот „WeBER 2.0 Зајакнување на граѓанското општество од Западен Балкан за реформирана јавна администрација, финансиран од Европската Унија.

Се работи за ангажман поврзан со платформата https://www.sledimereformi.mk/, во рамките на онлајн кампањата за граѓани. Платформата е креирана со цел граѓаните да споделуваат искуства поврзани со нивниот контакт со јавната администрација, односно да го искажат своето мислење/(не)задоволство во врска со процесот на обезбедување услуги од администрацијата.

Ангажманот се состои од комуникација со граѓани на пултовите за обезбедување услуги и внесување на нивните искуства на платформата.

Времетраењето на ангажманот е предвидено за 2 месеци, со можност за продолжување.

Компензацијата се врши согласно Законот за волонтери.

Како услови за волонтирање ЕПИ го наведува следново:

  • Солидно познавање на Microsoft Office;
  • Способност за работа и функционирање во тим.

ЕПИ на своите волонтери им нуди стимулирачка средина за надградување на нивните знаења за европските прашања и спроведување на ЕУ проекти преку нивно вклучување во сите активности на Институтот и менторство во текот на нивното волонтерство.

Преку овој проект волонтерот/волонтерката ќе стекне знаење за стандардите на ЕУ во делот на реформата на јавната администрација.

Аплицирајте со испраќање на резиме (CV) и мотивационо писмо на следната електронска адреса: vaska.ristovska@epi.org.mk Во насловот на електронската порака задолжително е да се наведе ЕПИ_оглас_за_волонтер_(Име и презиме).

Пријавувањето е отворено до 22.12.2021 година.

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор