[Aggregator] Downloaded image for imported item #50149

Осум пожарникари на ДПД Свети Николе четврти ден на екстремен терен во Македонски Брод

Тим од 8 пожарникари на ДПД Свети Николе, како дел од државниот Модул на тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), веќе четврти ден е ангажиран на екстремен терен на подрачјето на општина Македонски Брод, каде активно учествува во локализирањето на големиот пожар.

Во услови на високи температури, тежок пристап, чад, ветер и постојан ризик од ширење на огнот, нашите доброволни пожарникари заедно со останатите сили на системот за заштита и спасување работат на терен со цел заштита на населението, имотите и природните богатства.

Оваа интервенција уште еднаш ја покажува суштинската улога на доброволните противпожарни друштва во справувањето со шумски пожари и пожари на отворен простор. Кога теренот е најтежок, кога деновите се долги, а ризикот е постојан, доброволните пожарникари се таму каде што заедницата најмногу има потреба од нив.

ДПД Свети Николе продолжува да делува посветено, дисциплинирано и организирано, со јасна мисија: заштита на граѓаните, имотите, шумите и природата. Благодарност до сите пожарникари, спасители, институции и служби кои се дел од оваа сложена и исклучително важна интервенција.

Храброста, солидарноста и пожртвуваноста на терен се нашата најсилна порака.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на ДПД - Свети Николе

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор