[Aggregator] Downloaded image for imported item #50166

Нашиот тим обезбедува водоснабдување за полицискиот хеликоптер во Македонски Брод

Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува со активна поддршка во справувањето со големиот пожар на подрачјето на општина Македонски Брод.

Нашиот тим, како дел од државниот Модул на тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување, веќе неколку дена е распореден на терен каде што обезбедува логистичка и оперативна поддршка за противпожарните сили.

Во оваа акција, преку нашиот 8-тонски танк за вода, тимот учествува во полнењето со вода на полицискиот хеликоптер кој дејствува на тешко достапен терен. Оваа поддршка овозможува побрзо, поефикасно и континуирано воздушно гаснење на пожарот.

8-тонскиот танк за вода е донација од Француската амбасада во Скопје и организацијата Working Together од Марсеј, Франција, за што изразуваме огромна и искрена благодарност. Оваа донација на терен се покажа како исклучително ефикасна во справувањето со шумски и пожари на отворен простор. Воедно, ова искуство уште еднаш ја потврди потребата од целосно комплетирање на релејниот каскаден систем, бидејќи во моментов недостасуваат преносни пумпи со кои системот би можел целосно да се ефектуира и да даде уште поголем оперативен придонес.

Ова е уште еден доказ дека доброволните пожарникари се важен и неопходен дел од системот за заштита и спасување. Со опрема, знаење, храброст и човечка посветеност, нашите членови секојдневно придонесуваат за заштита на граѓаните, имотите и природата.

Продолжуваме заедно, одговорно и храбро, за побезбедни заедници и посилен противпожарен систем.

 

Пристигнување на полицискиот хеликоптер, преземање на опремата и доставување на танкот за вода кон подрачјето на Македонски Брод:

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на ДПД - Свети Николе

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор