Организирање на професионална пракса во јавниот и бизнис секторот за 30 жени од етничките заедници од Скопје, Куманово, Штип, Битола и Тетово

Организирање на професионална пракса во јавниот и бизнис секторот за 30 жени од етничките заедници од Скопје, Куманово, Штип, Битола и Тетово

ЖГИ АНТИКО од 08.05.2017 до 20.07.2017 година организира  професионална пракса во рамките на проектот ,,Вклучување на жени од етничките заедници во пазарот на трудот“. Во текот на месец  мај, јуни и јули 30 млади жени (по 6 од секоја општина) од Скопје, Куманово, Штип, Битола и Тетово, стекнуваат практично искуство по завршувањето на 3 месечниот циклус на обуки каде се мотивираа и добија теоретски знаења и вештини за активно вклучување во пазарот на трудот. Целта на индивидуалната професионална пракса е зголемување на знаењата и капацитетите на целните групи, да станат поконкурентни на пазарот на трудот. Оваа активност е неизмерно важна за жените, токму поради стекнувањето на практично искуство во работна средина, кое ќе им овозможи зголемување на нивните работни навики, искуство, знаење и вештини во области каде што се определиле да работат, а уште поважно е тоа што оваа активност отвара поголеми можности за нивно идно вработување. Охрабрува фактот што сите учеснички и работодавачите каде тие ја спроведуваат праксата добро соработуваат и се задоволни од оваа соработка. Најавуваат и можности тие да ја продолжат соработака преку вработување или понатамошно ангажирање. Изборот за областа каде ќе ја реализираат праксата им беше препуштен на самите учеснички.

Организации и правни субјекти во горе наведените општини, кои претходно беа таргетирани и со нив беа потпишани соодветни договори се следните:

Куманово:

ФРИЗЕРСКИ САЛОН–РЕСИ – две практикантки;

ФРИЗЕРСКИ САЛОН–ЛЕЈДИ СТИЛ – една практикантка;

ФРИЗЕРСКИ САЛОН–ЊУ ФЕШН – една практикантка;

ФРИЗЕРСКИ САЛОН–ФИОНА – две практикантки.

Штип:

ФРИЗЕРСКИ САЛОН–КОНТЕСА – две практикантки;

 ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН–ДОМ Панче КАРАЃОЗОВ – две практикантки;

ФЗОМ ПЕ ШТИП – две практикантки.

Битола:

МКЦ–БИТОЛА – една практикантка;

БАИРСКА СВЕТЛИНА – две практикантки;

ФРИЗЕРСКИ САЛОН–КСЕНИКС – една практикантка;

ФРИЗЕРСКИ САЛОН–ВИОЛА ФИТ – една практикантка;

ФРИЗЕРСКО СТУДИО ЛА БЕЛА – една практикантка.

Тетово:

АЛБИМЕДИКА БИОХЕМИСКА ЛАБ – една практикантка;

ФРИЗЕРСКИ САЛОН–ДИАМОНД–БЕАУТИ – една практикантка;

КОЗМЕТИЧКИ САЛОН–МАКСИМУС-БХС – една практикантка;

НЕТИНГ ШКОЛА ЗА ЈАЗИЦИ – една практикантка;

ОТВОРЕН ГРЃАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ЗА Д.У. ТЕТОВО – една практикантка;

СТАРТЕР ФОН ФОН–ТЕТОВО – една практикантка.

Скопје:

ПЗУ ДОКТОР МАЕР една практикантка;

НВО ИРИЗ – една практикантка;   

ПЗУ ИНТЕРГИН БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА – две практикантки;

НВО РОМАВЕРЗИТАС – една практикантка; 

АПТЕКА РУНОЛИСТ – една практикантка.

Сите практикантки континуирано се посетуваат од проектниот тим на АНТИКО. На следните линкови можете да пристапите до фотографии од спроведените посети на практикантките на лице место.

Фотографии од посети во Тетово

Фотографии од посети во Скопје

Фотографии од посети во Штип

Фотографии од посети во Куманово

Фотографии од посети во Битола

Активностите се спроведуваат во рамките на проектот „Вклучување на жени од етничките заедници на пазарот на трудот“ поддржан од Европската Унија, а имплементиран од ЖГИ АНТИКО-Скопје и CARE Германија/Луксембург е.В.

ЖГИ АНТИКО е корисник на институционален грант на #civicamobilitas

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор