920696 1011677995541432 1102101164394888099 o

Организација на жените на општина Свети Николе 25 години активизам

920696 1011677995541432 1102101164394888099 oОрганизација на жените на општина Свети Николе на 25 Декември 2015 година одбележува 25 години работа во женското движење за подобрување на општата состојба на граѓаните, за подобрување на условите за соодветна здравствена заштита на жените, децата и младите, активно вклучување на децата и младите во општествените текови на живеење, како и почитување и заштита на човековите права.

Во организацијата членуваат повеќе од 500 членови и членки од општината и пошироко од кои околу 30 се активни волонтери и волонтерки и се вклучени во реализација на тековни активности и проекти. Организацијата последните десетина години работи според стратешки развоен план и се стреми кон постигнување на зацртаните визија, мисијата и стратешки цел.

Работата на Организацијата главно е фокусирана и поделена на три програми: Здравствена Програма, Програма за деца и млади и Програма за човекови права со акцент на права на жените.

10631279 1011677992208099 5914146961174403068 o

Во 2003 година Организацијата започнува со лобирање за дополнување на Законот за здравствена заштита на Р.М со воведување на програма за редовни бесплатни гинеколошки и мамографски прегледи еднаш годишно на секоја жена, а со цел рано откривање на рак на матката и рак на дојка. Организацијата, како лидер на неформално здружување од 16 женски НВОи на национално ниво, покрена иницијатива и спроведе кампања за лобирање која резултираше со поднесување на амандман во парламентот на Р.М., но и негово усвојување во февруари 2004 година.

12378133 1011677158874849 1363939110709640825 oСо тоа Владата на Р.М. превзема обврска секоја година да изготвува превентивна програма за репродуктивно здравје на жените односно воведување бесплатни пап тестови. Првата програма беше усвоена во март 2005 година со што беа опфатени 128 000 жени на национално ниво.

Една Јапонска поговорка вели „Треба да ископаш многу песок од кој потоа трпеливо ќе измиеш ситни зрна злато“.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор