Охриѓани и стружани пријавуваат дискриминација на работното место

Охриѓани и стружани пријавуваат дискриминација на работното место

На 05.05.2023 во просториите на Младинскиот центар во Охрид, претставници на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пред претставниците од локалната самоуправа и невладиниот сектор, го промовираа Закон за спречување и заштита од дискриминација.

Мал е бројот на претставки од граѓаните од внатрешноста до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Според Комисијата, на ниво на држава најдискриминирана е ЛГБТ заедницата во областа на медиумите и јавното информирање, каде граѓаните кои имаат пристап на социјалните мрежи како Фејсбук, шират говор на омраза спрема припадниците на оваа заедница. Потоа следува дискриминацијата на работното место и дискриминацијата по основ на политичка определеност, особено во јавниот сектор. Само дваесетина претставки во изминатиов период се нотирани од охридскиот регион вели претседателот на Комисијата Исмаил Камбери.

Инаку во нашата земја дискриминацијата е забранета со Уставот и законите, како и со посебниот Закон за спречување и заштита од дискриминација. На трибината за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во општина Охрид во организација на здружението Опција, присуствуваше и Градоначалникот Кирил Пецаков, кој потенцираше дека креирањето еднакво и праведно општество е од суштинска важност за позитивен развој на локалните заедници, но и на државата во целост.

Кога Комисијата ќе утврди мислење дека постои дискриминација, дава препорака за отстранување на дискриминацијата. Таа препорака има рок од 1-6 месеци. Доколку дискриминаторот не постапи по препораката Комисијата покренува прекршочна постапка кон дискримнаторот. Казните се од 15-400 евра за физичко лице до 10.000 евра за правно лице. Но законите не треба да останат на хартија . Доколку сакаме да градиме здраво општество овие закони мора да се имплементираат вели Јулијана Настоска Петреска – социјален работник. Целната група со која ние работиме, вели Петреска доста е запознаена со тоа што е дискриминација и кои се нивните права. „Сме имале доста примери на дискриминација особено во здравствениот сектор бидејќи самиот факт дека станува збор за зависници од дрога и сексуални работнички, ако се дознае во мала средина како Охрид автоматски се дискриминирани и се случува да не можат да добијат здравствени услуги бидејќи се од таа целна група,“ вели Јулијана Настоска Петреска – социјален работник од НВО Опција.
„Мора да се потрудиме да ги учиме и воспитуваме идните генерации на поголема, емпатија љубезност и соживот. Само така ќе знаеме дека сме на вистинскиот пат и дека градиме подобар свет за сите нас. А, Општина Охрид и понатаму ќе продолжи да биде отворена за соработка да ги слушне потребите , да реалзиира проекти за поголема социјална правда но и сигурност.“ – кажа градоначалникот Пецаков.

Трибината во Охрид насловена „Здружени и гласни за општество без дискриминација, имаше за цел промоција на Законот за спречување и заштита од дискриминација за охрабрување на локалното население да ги пријавува случаите на дискриминација за градење поеднакво и поправедно општество за сите без предрасуди. Трибината е организирана во рамките на проектот „Видливи, здружени и гласни“ поддржан од програмата на Цивика мобилитас како еден вид акција за недискриминација и еднакво учество преку мулти-секторска соработка.

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор