Одржана средба на работната група за родова еднаквост и економско јакнење на жените од руралните ...

Одржана средба на работната група за родова еднаквост и економско јакнење на жените од руралните …

Ова е период кога во секторот земјоделство и рурален развој се случуваат доста значајни процеси кои што меѓудругото задолжително треба да бидат разгледани и од родова перспектива. Започнува да се работи на новата стратегија за земјоделство и рурален развој 2021-2027, се изготвува и новата Национална стратегија за родова еднаквост, па истите претставуваат едни од најважните документи кои што треба да ги одредат насоките за унапредување на родовата еднаквост и во руралните средини. Унапредувањето на препораките за положбата на жените во руралните средини, предизвиците со имплементацијата на мерката 115, креирање на акциски план за 2021 година беа дел од темите на кои што денес дискутираа членовите на групата за родова еднаквост и економско јакнење на жените во руралните средини креирана во рамките на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

со поддршка на UN Women Skopje.

Работата на групата со своја директна поддршка и присуство на истата ја поздрави и самиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство г-динот Arjanit Hoxha.

Воедно денес работната група повторно го потенцираше значењето на жената во руралната средина, како и потребата од нејзино економско зајакнување а при тоа со ваквата своја работа всушност и го одбележа и му даде значење на Меѓународниот ден на руралната жена кој што сите ние ќе го славиме токму утре на 15-ти октомври! #BeAccountable

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор