Zoom4 980x523.png

Одржана обука за новите 11 грантисти за спроведување на Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

На 30 јуни 2025 година се одржа онлајн воведна обука за избраните грантисти на повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025. На настанот беа обучени претставници на организациите кои ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со фокус на зголемена транспарентност, кредибилитет и инклузивност.

zoom4 980x523

Со вкупен фонд од околу 110.000 евра, овие грантисти ќе придонесат за зајакнување на граѓанските организации и граѓаните, преку нивно активно учество и ангажирање во мониторингот на Локалните избори планирани во октомври 2025 година. Покрај набљудувањето на изборниот процес, овие грантисти ќе работат на справување со различни предизвици, вклучително и мониторинг на говор на омраза, хибридни закани во дигиталниот простор, мониторинг на јавните набавки од страна на општините во изборната година, но и ќе се фокусираат на специфични целни групи како што се жените, младите, вклучувањето на малцинските групи како Ромите, руралните заедници, лицата со попреченост итн.

Целта на нашиот проект е да придонесе кон зголемена транспарентност и отчетност во локалната власт преку следење на трошоците за јавни набавки во општините во изборната година, намалувајќи ги можностите за злоупотреба на јавни средства за остварување изборна предност“ рече Герман Филков, претседател на Центарот за граѓански комуникации од Скопје.

Проектот се состои од неколку компоненти, додаде тој: “Подобрена транспарентност преку следење и известување за трендовите во трошењето на јавните средства во општините, со што се намалуваат можностите за нивна злоупотреба во изборите; Зголемена јавна свест преку подобро информирање на граѓаните и медиумите за трошоците за јавните набавки во изборната година, што доведува до поголема јавна контрола и одговорност; Зголемен ангажман на медиумите преку медиумските извештаи и покривањето на наодите од трендовите во јавните набавки што придонесуваат за избалансирани и засновани на факти дискусии за трошењето во изборната година и Зголемена одговорност за ранливите категории преку проценка дали зголемените набавки ги подобруваат условите за живот и работа на жените, младите и маргинализираните групи што придонесува за подобрување на одговорноста при распределба на јавните средства во однос на овие луѓе“.

Институтот за социјална промена ИнСоК од Тетово својот проект: “Фер избори-можности за помалите заедници“  ќе го спроведува во партнертство со Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ од Скопје. “Проектот има за цел да ја подобри транспарентноста, инклузивноста и отчетноста на локалните избори во 2025 година, преку намалување на изборните манипулации и зајакнување на изборните права на помалите заедници и ранливите групирече Самет Скендери од ИнСоК. “Во рамки на овој проект кој ќе го спроведуваме во Тетово, Шуто Оризари, Куманово, Штип и Битола, ќе работиме на  зголемување на информираноста на граѓаните посебно од помалите заедници и ранливите групи; зајакнување на изборниот мониторинг; обезбедување на правна заштита преку формирање на две правни советувалишта за помош на граѓаните со акцент на преставници на помалите заедници и ранливи групи, како и подобрување на медиумската транспарентност преку мониторинг на известувањето за изборите и идентификување на дезинформации“, истакна тој.

Повеќе детали за сите единаесет акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025 се достапни на веб-страната на Граѓанскиот ресурсен центар.

На обуката грантистите се запознаа со клучните правила и процедури за спроведување на проекти финансирани од Европската Унија, како што се финансиското работење и потребните пропратни документи за финансиско известување, набавки на добра и услуги во рамки на проектот, како и процесите на мониторинг и известување, комуникација и видливост.

Акциските грантови за поддршка на локалните избори 2025 се дел од проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Видео: Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter)

    Во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter), заедно со експерти, зборуваме за препознавање и спречување на родово базирано онлајн насилство. 🌐💪 Ова видео е дел од нашите напори да ги поттикнеме младите жени да се чувствуваат посилни, информирани и безбедни на интернет. 🔎 Научете:✔️ што…

  • Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период

    Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]
    The post Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период first appeared on Metamorphosis.

  • Мрежен состанок „За танго се потребни двајца“ – поттикнување дијалог и соработка

    Локалното застапување добива сѐ поголема видливост и значење, а во таа насока се одржа и овогодинешниот состанок за вмрежување „За танго се потребни двајца“. На настанот учествуваа жени од осум заедници, претставници на невладини организации и советници од Општина Куманово. Овој чекор претставува важен напредок, бидејќи беше воспоставена директна комуникација со советниците како избрани претставници […]

  • Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година

    Годината 2024 во светот беше исполнета со промени што го редефинираа глобалниот политички, економски и општествен пејзаж. Од продолжувањето на руската воена инвазија врз Украина, преку хуманитарната катастрофа во Газа, подемот на крајната десница во европските држави, победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, па сè до бројните политички потреси во САД и […]
    Read More… from Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година
    The post Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија

    Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]
    Read More… from Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија
    The post Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Едукативни работилници за справување со родово базирано насилство

    Со цел подигнување на свеста и зајакнување на знаењата за родово базираното насилство, во изминатиов период успешно спроведовме три едукативни и интерактивни работилници во Прилеп, Кривогаштани и Долнени, каде се вклучија педесетина млади и жени од овие средини. Периодот на одржување на работилниците се поклопи со глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор