рурална коалиција

Од жена за жена: Руралната женска мартовска кампања допре до селата и градот Куманово во Североисточниот плански регион

За да ја имаме целата моќ во наши раце меѓудругото клучна е и соработката со седмата сила, а тоа се медиумите, затоа што така нашата вест и нашата порака допира до секој еден од нас. За руралната женска мартовска кампања и состојбата со регистрираните жени земјоделки во Североисточниот плански регион,прочитајте во објавата на Радио Бум – Куманово:

Жените од руралните средини велат дека Ковид пандемијата имала негативен ефект врз нивниот живот и врз економската сигурност на семејното земјоделско стопанство, според истражувањето на Рурална коалиција, негативниот ефект имало за 84 % од испитаните жени. Од друга страна, пак, од 160 испитаници, мажи и жени од руралните средини само 28% се изјасниле дека се регистрирани како индивидуални земјоделци, од кои што само 15 се жени.

На прашањето, дали сте користеле поддршка за надминување на последиците од Ковид-19 пандемијата, 92% одговориле негативно. Една од причините зошто е тоа така е дека не се препознаени од системот, односно се невработени, а сепак работат од 9 до 11 часа на нива или на фарма, информираат од Рурална коалиција кои ги презентираа резултатите од последното истражување кое што го реализираше Рурална Коалиција во периодот јануари-март 2021 година со фокус на програмите и мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, но разгледувани од аспект на родова сензитивност и колку истите ги адресираат потребите на мажите и жените во секторот. ,,Бидејќи и понатаму жените остануваат невидливи и се дел од неформалната економија, па не се препознаени ниту од системот ниту од државата, Рурална Коалиција во соработка со партнерските организации „Вредни Росомански Раце“, од Росоман и „Радика-Де“ од Дебар организираат промотивна кампања насловена „Од жена за жена“, по повод месецот на жената и родовата рамноправност.

Со оваа кампања сакаме да испратиме силна порака од жените од руралните средини за нивната потреба од економско зајакнување во услови на пост-Ковид ситуација. Но, не само тогаш. Ако ние го имаме квалитетот, го имаме домашното производство, ја имаме храната произведена и преработена со рацете на овие жени, па тогаш нели е тоа доволно за да станат видливи, но во исто време и економски силни, вели Лилјана Јоноски,извршен директор на Рурална коалиција. ,,Има многу мерки како да се направи тоа, а ние решивме да почнеме од самите себе, односно купуваме, подаруваме, промовираме производи кои што самите жени ги произвеле. Кампањата се слушуваше во периодот од 08 до 12 март 2021 година во сите осум плански региони. Во Североисточниот плански регион во последните неколку години забележан е тренд на опаѓање на бројот на регистрирани индивидуални носителки на семејни земјоделски стопанства па така споредено со 2016 година кога имало 2572 жени, во 2019 година тој број е намален проближно за 300 жени, па сега истиот изнесува помалку од 2.442 жени, регистрирани како носителки на стопанствата. За да се спречи ваквиот негативен тренд, но и да се поттикне претприемачкиот дух на жените од руралните средини традиционални производи од волна, како и традиционални слатка беа поделени во селата Пчиња, Ново Село, Драгоманце, Љубодраг, како и во самиот град Куманово.

Дополнително, преку постери и флаери ќе ја запознаеме пошироката јавност со традиционалните производи, со резултатите од истражувањето, но и ќе ја пренесеме пораката дека родовата еднаквост и економска моќ на жената ни е потребна повеќе од било кога претходно. На сограѓаните ќе им поделиме маски како потсетник дека и понатаму треба да останеме безбедни и да се грижиме за нашето здравје и за здравјето на тие околу нас.

Нека ваквата мартовска кампања биде посетник за сите нас дека жените од руралните средини се клучот за одржливоста на руралните средини и дека поддршката на секој од нас за нив е важна. Тоа е и единствениот пат како да се излезе од сенката на невидливоста, вели Јоноски.

Извор: Радио Бум.

Продолжи со читање

  • Пет локални медиуми добија грантови за продукција на содржини од јавен интерес

    Целта на оваа активност не е само еднократна финансиска помош, туку создавање на безбедно опкружување и структура за долгорочен развој на малите медиуми од локално и специфично значење. Локалните медиуми се најранливиот сегмент во медиумскиот пејзаж, соочувајќи се со бројни предизвици во споредба со големите национални куќи. Сепак, токму овие медиуми се клучни бидејќи ги […]
    The post Пет локални медиуми добија грантови за продукција на содржини од јавен интерес first appeared on Metamorphosis.

  • 📣 Сакаме да го чуеме Вашето мислење!

    Што е клучно за подобрување на квалитетот на живот bit.ly/anketa— Ве замолуваме да одвоите 5 минути од Вашето драгоцено време и да нè информирате за вашето задоволство од јавните услуги, со пополнување на прашалникот погоре #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Македонско лекарско друштво Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF @youtheducationalforum @mcgo_mcec_mk МЦГО […]
    The post 📣 Сакаме да го чуеме Вашето мислење! first appeared on Finance Think.
    The post 📣 Сакаме да го чуеме Вашето мислење! appeared first on Finance Think.

  • Македонија може да стави крај на ХИВ – потребни се здружени сили и стабилна превенција

    Северна Македонија има реална можност во следните години целосно да ја елиминира епидемијата на ХИВ, доколку навременото тестирање стане широко достапно, превенцијата биде системски зајакната, […]

  • Македонија мора да го забрза одговорот на ХИВ: една третина од лицата со ХИВ не се дијагностицирани

    Граѓанските организации откриваат нови случаи 12 пати поефeктивно од здравствениот систем На национално ниво се проценува дека околу 620 лица живеат со ХИВ, но само […]

  • Извештај за постапка за избор на кандидати за избор на судија во ЕСЧП

    По поништувањето на првата постапка и распуштањето на првата комисија за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за формирање нова комисија и распишување нов јавен конкурс. Одлуките за поништување на првата постапка, распуштањето на комисијата и нејзиното повторно формирање не беа јавно […]
    Read More… from Извештај за постапка за избор на кандидати за избор на судија во ЕСЧП
    The post Извештај за постапка за избор на кандидати за избор на судија во ЕСЧП appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Локалните Младински Совети ја започнуваат својата трансформација

    Како дел од проектот „Младите се гласот на промените во општините“, започнавме со градење на капацитетите на Локалните Младински Совети. Успешно ја реализиравме првата дводневна обука за младинско учество и младински активизам, во партнерство со Empowering Kрушеvo.
    Обуката се одржа во периодот од 03 до 05 ноември во Струга, со учество на претставници од ЛМС Прилеп и ЛМС Крушево – членови на локалните младински совети и локалните собранија на млади од двете општини. Целта на оваа активност е да се поттикне активно вклучување на младите во процесите на донесување одлуки во заедницата и да се создадат одржливи механизми за нивно учество и застапување. Преку интерактивни сесии, дискусии и практични вежби, учесниците стекнаа нови вештини и знаења за младински активизам, партиципативни процеси, како и начини за идентификување и мапирање на младинските потреби на локално ниво.
    Ова е само почеток на процесот за операционализација и зајакнување на младинските структури, како важен чекор кон подобрување на партиципативното опкружување за младите – еден од клучните приоритети на Европската Унија.
    Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар. #јасграѓанинот
    #МладиЗаМладите #ЛокалниМладинскиСовети #МладинскоУчество

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор