[Aggregator] Downloaded image for imported item #43001

Од отпад до храна за земјата – успешен циклус на компостирање во Ропотово

Во периодот мај–октомври 2025 година, во село Ропотово се спроведуваше процесот на колективно компостирање на органски отпад. Со помош на поставените три станици за собирање на органски отпад и една станица за компостирање, локалните жители, заедно со вработените во комуналното претпријатие и тимот на СТАНИЦА ПЕТ, се грижeа и го одржуваа материјалот додека компостот „зрееше“ и се трансформираше во квалитетен органски хумус.

На крајот од овој период, првиот произведен компост беше официјално поделен меѓу жителите на селото, како и претставници од локалните институции и бизнис заедницата. Овој успех не само што ја зголеми свеста за правилно управување со органскиот отпад, туку и демонстрираше колку е важно заедничкото делување за подобрување на квалитетот на почвата, одржливото земјоделство и чистата животна средина.

Процесот на компостирање во Ропотово е пример за тоа како локалната заедница може активно да придонесе за зачувување на природата и создавање ресурси кои се вредни за сите.

*Активноста е дел од проектот Паметно зелено село за одржлива иднина кој се спроведува со поддршка од Фондации Отворено Општество Западен Балкан.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор