Женската граѓанска иницијатива Антико на 11 и 12 мај во Скопје, организира обука за добитниците на подгрантовите доделени во рамки на  европскиот проект „Здружени сили за заеднички интереси“.

На обуката учествуваат 12 претставници на шест граѓански иницијативи кои доаѓаат од мултиетнички средини. Тие ќе придонесат во решавањето на идентификуваните проблеми и предизвици и ќе имаат можност да поминат преку сите процеси на работа за успешна имплементација на своите проекти во рамки на заедницата.

Проектот се спроведува во партнерство со Cooperazione per lo sviluppo (COSV) – подружница Прилеп и Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп.

Женската граѓанска иницијатива Антико и Центарот за граѓанска иницијатива се корисници на институционални грантови на Цивика мобилитас.